Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска и утре, за првпат по стапување на функцијата, ќе оствари посета на седиштата на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО во Брисел.
Ковачевски утрово ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9:30 часот.
Попладне премиерот Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Средба со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, е предвидена в петок претпладне.
Димитар Ковачевски ќе има средби и со членови на Европскиот парламент и со поранешниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан.
Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од ЕК.
Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.