НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Има ретроградни сили кои сакаат да го попречат процесот на изнаоѓање решение со Бугарија

0
By Sashko on February 8, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комуникацијата со Република Бугарија во одреден период беше сведена на комуникација меѓу пропагандисти кои креираа јавно мислење, доминантно во медиумите кое градеше недоверба меѓу државите, но и меѓу граѓаните на двете земји, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Алсат.

По формирањето на двете влади, во Северна Македонија и во Бугарија, и по посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје, како што рече Ковачевски, било договорено да се отвори нова страница во разговорите.

И јас и претседателот на бугарсата влада и членовите на владата веројатно бевме водени од тоа да отвориме дијалог кој ќе ја врати позитивната атмосфера, но ние бевме свесни дека веднаш ќе се јават ретроградни сили кои ќе гледаат да го попречат тој процес. Тие сили кои ги има и во едната и во другата држава своето политичко битисување го темелат на овој проблем. Бидејќи, ако не постои проблемот тие не можат да постојат како политичка парадигма, тоа сме го имале во минатото. Како се отворија разговорите, веднаш се отворија теми и провокации кои ги гледаме кои се случуваат и кои гледаат да не се дојде до решение, смета Ковачевски.

Според него, мнозинството од граѓаните и во двете држави сакаат да се изнајде решение, бидејќи, како што рече, Република Северна Македонија го заслужува датумот за преговори со ЕУ.

Доколу сакате да решите отворено прашање мора да комуницирате. Не може само со обвинувања, како што имавме изминатиот период. Тоа мора да биде комуникација во која може да се видат бенефитите од двете страни и да се врати довербата меѓу нив, рече Ковачевски.

За решавање на спорот, додаде, постојат различни прашања кои треба да бидат решени меѓу двете држави.

Ќе видиме што е прифатливо за двете страни, тоа решение кое ќе биде прифатливо за двете страни ќе биде споделено со институциите на двете држави и со оние кои ќе треба да носат одлуки, решението треба да се базира на европски вредности и на почитување на граѓаните на двете држави и почитување на достоинството, истакна Ковачевски.

Според него, постои можност двата процеса – интеграција на Северна Македонија и преговорите да се водат паралелно.

Јас искрено се надевам дека тие можат да одат паралелно, но тоа ќе зависи од договорот кој ќе биде постигнат, доколку биде постигнат. Јас сум за брзо решение ние треба да ги опточнеме побрзо преговорите, но не сум за избразни решенија, рече Ковачевски.

Вели дека тоа што било договорено на заедничката седница во Софија веќе се исполнува.

Покрај овие прашања таму беше присутна и Историската комисија која работи врз основа на своја методологија, во неа учествуваат не политичари, туку историчари, со која копретседаваат двајца професори по историја од двете држави кои јавно истакнаа дека ќе ја забрзаат работата на комисијата  и дека таа работа ќе биде со видливи резултати при што очекувањата беа дека историските прашања треба да бидат мост кон иднината, а не да биде нешто што ќе создава раздор и тоа е нешто што сите го очекуваат, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека со Бугарија воопшто не се водат разговори во однос на основните прашања коишто го засегаат македонскиот народ.

Што значи дека јазикот на држвава и идентитетот по сите основи на македонскиот народ воопшто не се предмет на разговори со Република Бугарија, рече Ковачевски додавајќи дека кога станува збор за вклучување на други заедници во рамки на Уставот тоа е процес во кој самите заедници што живеат во оваа држава можат да го побараат.

Тоа, вели, се спроведува врз основа на уставни измени и е процес што трае подолго, во кој се вклучени повеќе институции, вклучително и Владата и Парламентот и претседателот на државата, итн.

И низ една поширока дебата, бидејќи се вклучуваат и експерти кога се прават уставни измени, тоа може да се отвори како прашање и потоа низ дебата и низ нормално двотретинско мнозинство во Парламентот, треба да се дојде до такво решение. Меѓутоа тоа е барање кое треба да произлезе од граѓаните кои живеат во оваа држава, заклучи Ковачевски.

Тој смета дека секој процес кој предолго трае може да влијае негативно на поддршката од граѓаните, но за среќа, како што нагласи, истражувањата на јавното мислење кај нас потврдуваат дека мнозинството од граѓаните верува во европската иднина на државата.

Исто така и партиите кои се дел од коалицијата сите имаат став дека единствениот пат на нашата држава е интеграција во ЕУ, рече Ковачевски, изразувајќи надеж дека и опозицијата ќе покаже конструктивен став.

Истакна дека нема да отстапат од заложбите за отпочнување на преговорите со ЕУ, но, посочи дека никогаш не се врзува со датуми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.