НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зеленски потпиша апликација за членство на Украина во ЕУ: Сигурен сум дека ова е реално остварливо

0
By Ivana on February 28, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека ја потпишал апликацијата за во Европската Унија. 

– Денеска потпишав апликација за членство на Украина во Европската Унија. Сигурен сум дека ова е реално остварливо, напиша Зелински на својот Фејсбуик профил.

Тој од Европската унија побара на земјата да и се дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура.

Зеленски и претходно побара итен прием на Украина во ЕУ, а сега тоа го направи и со потпишување на овој официјален документ, од кој беа објавени и фотографии.

„Ова е одлучувачки момент за ставање крај на долгогодишната дискусија еднаш засекогаш и за носење одлука за членство на Украина во ЕУ“, напиша на Твитер пред два дена украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Последното проширување на блокот е пред девет години со влезот на Хрватска, додека во „чекалната“ се пет земји.

Ова е кус историјатат на проширување на блокот и неговата чекална.

Европскиот блок, кој започна со шест земји во 1957 година, се прошири неколкупати со некои од геополитички најчувствителните кои дојдоа од 1995 година.

Таа година се приклучија Австрија, Шведска и Финска, давајќи му на блокот граница со Русија за првпат.

Потоа, во историското проширување во 2004 година, ЕУ прифати осум поранешни комунистички земји, вклучувајќи ги Полска, балтичките земји, Унгарија, Словачка, Словенија и Чешката Република, како и медитеранските острови Кипар и Малта.

Во 2007 година на поранешниот источен блок им се приклучија и Бугарија и Романија, а потоа и Хрватска во 2013 година.

Потоа, во 2016 година дојде шокот од референдумот за Брегзит кога Велика Британија  гласаше за напуштање. Тешкиот „развод“ беше финализиран во 2020 година.

Најдолго во чекалната на ЕУ е Турција, која кандидатски статус доби во 1999 година, потоа Северна Македонија од 2005 година и Албанија од 2014 година.

Црна Гора кандидатскиот статус го доби во 2010 година, а во 2012 година ги започна преговорите за членство, додека Србија кандидатскиот стаус го доби во 2012 година и ги отвори преговорите во 2014 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.