НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бајден: Путин погреши и не е свесен што го чека, демократијата ќе ја победи тиранијата

0
By Sashko on March 2, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на САД, Џо Бајден во обраќањето до нацијата доцна синоќа изрази остра осуда на рускиот претседател Владимр Путин за неговата воена агресија во Украина и се закани дека ќе го заплени „нечесно“ стекнатото богатство на руските олигарси.

Путин го наруши слободниот свет. Мислеше дека ќе влезе во Украина и светот ќе се оттргне. Наместо тоа, тој удри во цврст ѕид. Тој се соочи со украинскиот народ. Путин греши. Ние сме подготвени и направивме коалиција и заедно со Европската Унија, Велика Британија и други земји како Јапонија, Австралија, Нов Зеланд, па и Швајцарија, воведовме жестоки санкции за да го отсечеме од неговиот воен буџет. Демократијата и слободниот свет ќе победат над тиранијата, изјави Бајден.

Бајден се обрати и до руските олигарси кои ги нарече „корумпирани“ и им порача дека „ќе го најдеме вашето нечесно стекнато богатство“.

Истакна дека Министертвото за правда на САД оформи работна група која ќе ги истражува криминалите на руските олигарси.

Заедно со нашите европски сојузници да ги најдеме и заплениме нивните јахти, луксузни станови, нивните приватни авиони. Но, исто така и го затвораме нашето небо за руските авиони. Путин сега е поизолиран од кога и да е од остатокот од светот, бидејќи во борбата против автократијата, демократиите се здружуваат, рече Бајден, најавувајќи забрана на воздушниот простор на САД за руските авиони, како што направија Европската унија и Канада.

„Најавувам дека ќе им се придружиме на нашите сојузници во затворањето на воздушниот простор на САД за сите руски летови, дополнително изолирајќи ја Русија и додавајќи дополнителен притисок врз нивната економија“, рече Бајден.

Изјави дека САД и сојузниците од НАТО ќе ја бранат секој педа од својата територија во Европа.

„Заедно со нашите сојузници обезбедуваме поддршка за Украинците во нивната борба за слобода. Воена, економска и хуманитарна помош. Ќе продолжиме со помагањето на украинскиот народ во нивната одбрана на земјата и да се намали нивното страдање. Во историјата ќе пишува дека војната на Путин против Украина ја направи Русија послаба, а светот посилен, истакна Бајден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.