Британскиот премиер Дејвид Камерун на својата Фејсбук страница прави споредба на авионската несреќа на малезискиот авион кој се урна во Украина со, како што вели хоророт во Локерби. НОВА ви го пренесува неговото видување на ситуацијата и насоките за понатамошните чекори неопходни да се преземат.
– Како хоророт од Локерби во 1998 што го доживеав како млад, сликите од целосно изгорениот малезиски авион, со 298 жртви и нивните предмети расфрлени низ пченичното поле и селата околу Грабово, Источна Украина нема никогаш да ме напуштат.
– Десет наши граѓани загинаа; ние сме во тага викендов за нив. Загинаа исто така и 27 Австралијци, вклучувајќи и семејства што веќе загубија членови на семејствата на малезискиот лет MH370; 43 и 192 холандски државјани. Ние стоиме рамо до рамо со тие земји и со оние што се засегнати од овој шок.
– Но покрај нашето жалење постои и многу бес. Бес дека тоа можеше да се случи; бес дека конфликтот што можеше да се спречи од Москва се поттикнува од Москва; бес дека некој од Запад, наместо да најде решение на прашањето, едноставно се надеваше дека истото ќе исчезне.
– Мора да откриеме точно што се случило. Но доказите водат кон точен заклучок: летот MH17 беше разресен на небо со проектил земја – воздух истрелана од област контролирана од бунтовниците.
– Доколку тоа е вистина, тогаш треба јасно да знаеме што тоа значи: тоа е директен резултат на руската дестабилизација на суверена земја, рушење на територијалниот интегритет, поддржување, обука и вооружување на криминални сили.
– Мора да го претвориме моментот на бес во момент на делување. Да ги најдеме тие што го извршиле ова криминално дело и да ги изнесеме пред лицето на правдата. Но тоа има многу поголемо значење од правдата.
– Нам во Европа не треба да не потсетуваат не последиците кои резултираат кога големите земји напаѓаат мали земји. Нам не треба да не потсетуваат на последиците од дозволувањето на доктрината „силата е правдина“ да надвладее. Нам не треба да не потсетуваат на научените лекции од европската историја.
– Но ние тоа го правиме. Предолго постои незаинтересираност од голем дел европски земји да се соочат со последиците од случувањата во Источна Украина.
– Седејќи на масата на Советот на Европа, во среда ја видов повторно таа незаинтересираноста. Некои земји, на чело со Британија, промовираат акции што ја одразуваат магнитудата на долгорочна закана. Тоа се земјите од најблиската физичка оддалеченост од Русија и земјите што се директно засегнати од тоа што е на влог. Нивната независност и државност се на висока цена. Тие тоа никогаш не го забораваат. Но други сакаат проблемот да го претворат во проблем што се управува и контролира наместо проблем со кој треба да се справат и надминат.
– Елегантна форма на зборови и фини комуникеа не се замена за вистински акции. Оружје и борци циркулираат на границата помеѓу на Русија и Украина; поддршка на паравоени сили; полувистини, беснеење, одложувањата. Тие никогаш не престанаа.
– Некои меѓународни кризи се нерешливи. Но не и оваа. Доколку претседателот Владимир Путин ја прекине поддршката на борците во Источна Украина и им дозволат на украинските власти да воспостават ред, кризата може да се надмине. Секако дека треба да има соодветна заштита на руското говорно малцинство. Овие прашања може да се адресираат. Но најважно е Русија да ја прекине поддршката на насилните сепаратисти.
– Доколку претседателот Путин не го промени пристапот кон Украина, Европа и Западот мора целосно да го променат својот пристап кон Русија.
– Јасно е дека не се работи за воена акција. Но време е нашата сила да има влијание и нашите ресурси значење.
– Нашите економии се силни и таа сила расте. Но сепак, понекогаш се однесуваме како Русија ни е нам повеќе потребна одошто ние сме и потребни на Русија и пристапот што го овозможуваме до европските пазари, до европскиот капитал, до нашето знаење и технолошка експертиза.
– Ние не сакаме конфронтација со Русија. Но не треба да се оддалечиме од принципот што го регулира односот помеѓу независните нации во Европа, принцип што го одржува мирот на континентот.
– Да бидеме јасни што треба да се случи.
– Како прво, потребен е итен пристап до местото на несреќата и местото на злосторството треба да се ограничи. Остатоците на жртвите треба да се идентификуваат, да се третираат со достојна почит и достоинство и да се вратат на семејствата. Мора да има прекин на огнот. И неопходна е целосна истрага. Русија ќе ги има сите информации за овие настани и истите треба веднаш да и се достапни.
– Како второ, Русија мора веднаш да ја запре доставата на резерви и обуката на бунтовниците. Тие не го претставуваат народот на Украина. Без руска поддршка тие ќе згаснат.
– Конечно, ние мора да воспоставиме соодветен долгорочен однос помеѓу Украина и Европската унија; помеѓу Украина и Русија; и пред се, помеѓу Русија и Европската унија, НАТО и западот генерално. Во каква форма ќе почива тој однос зависи од начинот на кој Русија ќе одговори на оваа ужасна трагедија. Русија може да го искористи овој момент за да најде излез од оваа ужасна и опасна криза. Се надевам дека ќе постапи на тој начин. Но доколку тоа не се случи, ние мора енергично да одговориме.
– Речиси пред 25 години Велика Британија беше домаќин на НАТО самитот што стави крај на Студената војна и го започна процесот на враќање на Русија во светските совети.
– За шест недели Велика Британија ќе биде домаќин на самит на НАТО во Велс на кој односите со Русија ќе бидат повторно во центар на вниманието. Од Русија зависи кој пат сега ќе го одбере, напиша Камерун на ФБ.