НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски – Ал Атија: Северна Македонија и Катар ќе ја интензивираат одбранбената соработка

0
By Ivana on March 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими заменик премиерот и министер за одбрана на државата Катар, Калид бин Мохамед Ал Атија при што на средбата беше изразено задоволство од позитивниот тренд во развојот на политичкиот дијалог и билатералните односи меѓу двете земји, и беа разгледани можностите за интензивирање на одбранбената соработка со Катар.

Како што соопштија од кабинетот на шефот на државата, претседателот Пендаровски ја поздрави конструктивната политика на Катар во одржување на регионалната стабилност и нивната улога за унапредување на глобалната безбедност и изрази поддршка за активностите кои ги презема Катар во рамки на Истанбулската иницијатива за соработка. Притоа, се посочува, претседателот се заблагодари за укажаната поддршка од Катар, при евакуацијата на македонските граѓани од Авганистан, како и за демонстрираната солидарност и помош за справување со пандемијата на Ковид-19.

-Во контекст на одбраната, беа презентирани можностите за продлабочување на соработката преку спроведување заеднички воени обуки и инвестиции во инфраструктурни проекти, при што беше изразена подготвеност за унапредување на соработката во борбата против глобалните закани, тероризмот, кибер одбраната, справување со хибридни напади и лажни вести. Соговорниците укажаа дека од клучен интерес за развојот на билатералните односи, искористување на економските потенцијали во целост и реализација на конкретни проекти, е натамошно унапредување на правната рамка меѓу двете земји, стои во соопштението.

На средбата беа разменети мислења за развојот на настаните во двата региона, за актуелните случувања во Украина и безбедносната состојба на европскиот континент, наведуваат од кабинетот на Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.