Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски хакери се обиделе да извршат напад врз електричната мрежа на Украина

0
By Ivana on April 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 12, 2022 16:39

Руски хакери минатата недела се обиделе да извршат кибер-напад врз електричната мрежа на Украина, соопштија денеска украинските власти и истражителите за кибер-безбедност.

Групата, која безбедносните истражувачи ја нарекоа „Песочен црв“ (Sandworm) и претходно се поврзувала со деструктивни кибер-напади од страна на Русија, инсталирала злонамерен софтвер на компјутерите што ги контролираат високонапонските трафостаници во Украина, соопшти украинскиот Компјутерски тим за одговор при итни случаи (ЦЕРТ-УА) на својата веб-страница.

– Организацијата која била цел на нападот доживеала два брана напади. Првиот се случил најдоцна до февруари 2022 година. Исклучувањето од електраните и демонтирањето на инфраструктурата на компанијата било закажано за петок вечер, 8 април 2022 година, се вели во соопштението на ЦЕРТ-УА.

Во соопштението се додава дека нападот бил спречен но не се открива кој украински снабдувач со електрична енергија бил цел на нападот.

Русија постојано ги негира наводите дека извршила кибер-напади врз Украина.

Словачката компанија за кибер-безбедност ESET соопшти дека соработувала со CERT-UA за да спречи напади и го опиша малициозниот софтвер како надградена верзија на злонамерна програма што предизвика прекин на електричната енергија во Киев во 2016 година.

Злонамерниот софтвер е дизајниран да ја преземе контролата врз компјутерските мрежи на снабдувачи со струја и да ја „прекине струјата“, објави ESET во блог пост. Заедно со него е инсталиран и друг злонамерен софтвер за да се забават обидите за враќање на напојувањето, додаде компанијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.