Моето име е Емира Ахмедоска и имам 20 години. Родена сум во Македонија и мојот мајчин јазик е македонски со кој пораснав во моето семејство, во мојот град во Кичево и моето училиште.Во Македонија живеев до својата 14 година година. Потоа мојот живот се промени комплетно. Преселив во Австрија. Тоа за мене беше нов свет. Поточно кажано еден чуден свет, свет во кој сите зборуваа странски јазик што јас не го разбирав.
Од почетокот, бидејќи не го знаев јазикот, одев во посебно политехничко училиште. Два месеци подоцна почна нормалното училиште. Седев во четвртиот ред и секој требаше да се претстави. „Не знам германски„, реков. Наставничката ме праша: „Како се викаш?„ „Емира„, одговорив. „Колку долго си тука?„, праша таа а што кажав дека во Австрија сум два месеци. „Два месеци или две години„, збутено ме праша наставничката. „Два месеци„, повторив. „Па ти одлично знаеш германски Емира„, рече таа и постави уште едно прашање кое не го разбрав. „Не ве разбирам„ реков јас. Наставничката со насмевка ме погледна и ми рече: „Не е важно, ти доволно ми одговори„.
На часовите се чувствував загубено. Слободно можам да речам дека ништо не разбирав. Учев напамет и појма немам што учев. Среќавав зборови кои дотгаш никога немав чуено и учам да учам како еден збор се пишува буква по буква. Тоа не беше лесно туку напротив тешко и здодевно. Но вредеше. Првата учебна година ја поминав со одличен успех.
Уште една година по ова училиште, а каде останав да го научам германскиот јазик, не знаев кое училиште да одам. Еден моите наставници посоветува да одам во Комерцијалната академија. „Емира во тебе. Ти можеш да успееш во ова школо. Ако не успееш јас ќе бидам крив и заслужувам шамар од тебе„, рече тој со насмевка. Се разѕбира јас тоа никогаш не би го направила сепак охрабрувањето причината зошто се запишав таму. Денес сум среќна ја донесов таа одлука. Учебната година ја завршив со одличен успех а сите следни беа такви. Бев најдобра во класот. Тоа беше така до четвртата година во училиштето. А потоа работите се сменија. Отогаш бев најдобра во класот тука најдобра во целото училиште!
Сето ми донесе огромен успех. Австриската Национална банка одбра како една од петте најдобри ученици во Виена кое беа наградени со успесите постигна на школо од вкупно 145 напретавувачи.
Потоа бев одбрана за потпретседател на училиштето од страна на моите соученици.
Се почна на натпреварот „Талент за босански-хрватски-спрски 2012„ каде го освоив првото место бејќи овие јазици ги зборувам. Во училиште учам италијански, англиски и шпански јазик. Со идејата дека со колку повеќе јазици зборуваш толку повеќе вредиш, јас и мојата соученичка дојдовме до идејата да се пријавиме за учество на Националната банка на Австрија каде што ја добив наградата.
Моето очекување сега е да ја завршам Комерцијалната академија со одличен успех и да се запишам на универзитет. Летово ќе учам да возам и ќе ги спремам испитите за влез на факултет. Бидејќи уживам да работам со броеви планирам да студирам математика или економија, можеби и двете заедно, зошто да не ?
Македонија е мојот роден крај и многу се чувствувам убаво кога сум таму, знам дека чувството кое имам таму овде во Австрија нема да го имам, но морам да бидам искрена и да кажам дека не би сакала да се вратам да живеам во Македонија. Она што мене би ме радувало е да ја видам Македонија во ЕУ. Би сакала да ја видам како земја со подобар имиџ и земја во која секој нејзин жител би можел да научи повеќе за светот и да види повеќе места што го интересираат.