Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Калковска и пресуди на јавната дебата

0
By Борјан Јовановски on September 4, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 4, 2014 11:51

Немаше многу изненадување во одлуката на судијата Калкова . Уште не почнато судењето целата јавност знаеше дека Заев ќе биде осуден. 50 000 евра ќе му бидат исплатени на Груевски. Сепак има нешто многу пожестоко во оваа пресуда.

Имено со неа и целиот судскиот процес на премиерот против лидерот на опозицијата донесе смртна пресуда за јавната дебата како пар екселанс демократска вредност. Со пресудата на Калковска во Македонија е убиена и последната надеж дека актуелната власт на било кој начин ќе се обиде да ги врати во живот демократските вредности. Тие се одамна приклучени на респиратори а Калкова сега реши дека машината треба да се исклучи а пациентот кој со години е во кома да се прогласи за мртов.

Оваа спора смрт на дебатата во Македонија која како демократска вредност тешко се породи во деведесетите години за едвај да почне да застанува на нозе во 2000 тите оваа влада започна да ја убива систематски во 2008 година.
Во 2008 година јас и неколкумина мои колеги во А1 го започнавме Студио 2 , ТВ програма чија основна цел беше да ги соочува различните мислења на актуелни теми. Добро ни тргна, Суди 2 брзо освои симпатии кај публиката за што сведочат и високите рејтинзи за гледаноста на програмата. Но веќе на самиот почеток во ВМРО ДПМНЕ беше донесена одлука да се бојкотираат сите наши покани упатени до функционери на владеачката партија или на претставници на државните институции под нејзина контрола. Можноста која како новинари секогаш сме ја имале да комуницираме директно со народните избраници во Собранието за да ги поканиме за учество во дебата на која би дебатирале со својот политички противник наеднаш исчезна. Партијата ги превзема во раце сите одлуки. Кој, што и дали воопшто смее да зборува. Правото но и обврската на народните избраници да бидат отчетени пред јавноста беа укинати со партиска одлука наспроти Уставот и законите на една демократска држава кои ја налагаат обврската на пратениците да дебатираат јавно а со цел поуверливо да ги презентираат и афиримираат сопствените гледишта како и оние на партијата која ги кандидирала на оваа престижна функција.

Во еден момент како уредници се соочивме со проблем да организраме дури и дебата за тема каква што беше законот за забрана на пушењето на јавни места кој како што се сеќавате наиде на големи отпори во јавноста и пред се угостителите. Пораката беше јасна. ВМРО ДПМНЕ немаш проблем да се појави да дебатира на оваа тема. Во нивните редови има говорници кои и те како би се снашле ефикасно да го одбранат ставот на владата, но не беше тоа целата. Нивната цел беше да стават јасно до знаење дека дебатите се минато и дека на нивно место се устоличуваат монолозите, пропагандата и се она што доаѓа по суспензијата на еден демократски механизам каков што е јавната дебата.
Кога стана јасно дека не може повеќе да се дебатира за закон за пушење паднаа во вода и сите илузии дека може би Груевски еден ден ќе се охрабри и како и секој лидер на полтика партија и премиер во демократска држава ќе седне на дуел со својот политички опоненет.
Конечно со тужбата против Заев, Груевски ја официјализираше смртта на дебатата која од вчера дефинитивно се пренесува во судницата. Нејзиниот трансфер во судските институции дополнително политички ќе го контаминира судството а довербата на граѓаните во судовите ќе се фрли во слободен пад

Тужбата на Груевски против Заев можеби и ќе добиеше некаков рационален контекст доколку владеачката партија дозволеше дебата во јавноста во која ќе добиевме одговори за многу нејасни и неодговорени прашања кои произлегоа од целата афера . Сомнежите кои се покренаа легитимно не може да ги укине ниту една судска одлука и тие и понатаму ќе бидат причина за скапата душевна болка на премиерот .

Сепак премиерот може би и ќе најде утеха во 50 000 евра за неговите душевни страдања но колку пари ќе ни требаат нас како општество за да ја надокнадиме болката од загубата на демократијатата и сите перспективи кои таа со себе ги носи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.