НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сонот за Запад го остваруваат се повеќе млади од југостокот на Македонија

0
By Томе Христов on September 24, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бугарски пасош во рака и надвор од државата после завршувањето на факултетот, ете така ја гледам иднината и мојата перспектива за работа, вели за НОВА студентка од приватен универзитет во Струмица.

Нејзиното разочарување од можностите во земјава за младите го делат многу струмичани. Младите во најголем број не гледаат перспектива во местото каде што живеат. Прашавме неколкумина во градот под Царевите кули какви им се плановите, што очекуваат од средината вокоја живеат и дали планираат да оформат семејство.

Партиската поделеност, како и условот партиска книшка за да добиеш вработување, за нив како што велат, е една од причините за напуштање на државата.

„Не се гледа квалитетот што го поседува младиот човек, едноставно ако си активен политички ќе дојдеш до целта, а доколку не си, мора да бараш спас надвор од државата“, вели студент во трета година кој исто така сакаше да остане анонимен.

Со Мирна Трпкова разговаравме на почетокот на летото кога таа тукушто матурираше во гимназијата Јане Сандански. Своето образование Мирна одлучи да го продолжи во соседна Бугарија. Нејзините планови се да запише режија во Софија. Таа вели не се чувствувам среќно овде и не се пронаоѓам, па затоа ќе ја побарам среќата надвор од државата.

„Не сакам да бидам сфатена дека не си ја сакам државата, напротив имам многу причини за да ја сакам, но сите ја знаеме моменталната состојба, па така моите причини за заминување се образованието кое овде не ми нуди добри услови за да се надградувам. Во Струмица или воопшто во Македонија има две крајности – или врв или дно. Јас како млада личност своите перспективи ги гледам во уметноста. Не очекувам успех ако не работам сама на себе“, вели Мирна.

Таа ни кажа дека е разочарана од своите врсници, кои според неа не ја изразуваат својата индивидуална личност.

„Го поминувам денот во Струмица пишувајќи поезија, имам бенд и сето тоа го комбинирам со училишните обврски, иако училиштето не ми е прв приоритет бидејќи сметам дека вистинските работи се учат во комуникација со луѓето и околината и правејќи го она што го сакам“, истакна матурантката Мирна Трпкова.

На истата тема продолживме и со младиот професор по француски јазик Ристо Ташев. Го сретнавме по завршувањето на неговото работно време и го продолживме разговорот со пладневно кафе. Професорот Ташев вели дека одливот на млади луѓе станува нормален процес во нашата средина со оглед на тоа како се одвиваат работите, и како тешко се живее . Според него, се поголем е бројот на учениците кои се одлучуваат да студираат во странство, од проста причина што, како што вели, имаат повеќе услови за напредување и поголеми шанси за вработување.

„Нема човек, вклучително и јас, кој не размислувал да излезе надвор од државата со оглед на тоа во какви услови живееме. Јас имав прилика да престојувам во странство и да видам како функционираат таму и прилично е зачудувачки како таму може се да функционира, а кај нас не. Проблемот овде е најверојатно во политиките и тоа во делот на економскиот развој. Сметам дека треба да се овозможат подобри услови на економски план и да младите да бидат вистински вклучени во општествените процеси, пред се во бизнис секторот, а не како перспективата да ја гледаат во јавната администрација“, вели за НОВА Ристо Ташев.

Но од друга страна, во секојдневна комуникација со неговите ученици тој смета дека младите не се премногу оптоварени како функционира општеството иако смета дека треба да бидат заинтересирани во делот кои се нивните права, која би била нивната иднина, што им се нуди.

„Секој ден гледаме какви услови имаат студентите, во какви услови живеат во студентските домови, а тие воопшто не реагираат и тоа за нас како општество е малку разочарувачки. Мислам дека треба самите да бидат малку поагилни, а не да чекаат некој нешто да им вети“, вели Ристо Ташев.

Го прашавме младиот професор дали може овде да се живее самостоен живот, да се издржува семејство и какви се неговите идни планови.

„Сметам дека е тешко во сооднос со стандардот, со сите текови економски што се случуваат, како и со трошоците кои ги имаме секојдневно. Прво ќе пробам овде на професионален план да се надградувам, но никогаш не ја исклучувам можноста да заминам од државава доколку не се создадат услови, вели Ташев.

И струмичките земјоделци со умот на запад

НОВА посети и неколку населени места во струмичко. Мештаните во најголем дел беа на работа по своите ниви или пред локалните продавнички во своите села. Пред да ја вклучиме камерата сите зборуваа колку е тежок животот и колку тешко се заработува за наредниот ден во своите родни места кои се повеќе остануваат на пензионерите. Велат младите масовно се иселуваат во странство, а постарите остануваат да работат земјоделство и да се борат со животот. Но откако ги прашавме дали ќе сакаат да го споделат мислењето пред камерата за тоа каква е живеачката и кои се нивните перспективи, повеќето не сакаат да говорат.

Велат, денеска е страшно да се каже нешто. Еден господин во селото Просениково седејќи пред продавничката кога се увери дека не е вклучена камерата, рече „Како дошло времето, ако нешто кажеш, наредниот ден ќе те соберат“.

Ги оставивме и им посакавме убав ден. На патот кон Струмица застанавме на една нива каде што се работеше.

„Живеачката овде е многу тешка, за младите е уште потешко. Имам двајца синови, едниот е во Германија. Младите заминуваат надвор зошто овде нема вработување и бараат спас во странство, каде земаат повисоки плати. Тие што се овде работат земјоделство, но и тоа оваа година не се исплати. Повеќе од земјоделство не се живее“, вели Светлана Костадинова од селото Раборци.

Го посетивме и струмичкото село Дабиље каде претежно се живее од земјоделство, а најмногу се одгледува зелка, краставици и домати. Коце Божиков за НОВА вели: „Мојата генерација е последната останата овде во селото, но и ние ќе бараме спас надвор од државата. Од земјоделството не можеме да ги исплатиме трошоците. Се занимаваме со земјоделство, но трошоците се толку големи што не можеме да ги покриеме и тешко се живее. Јас иако веќе имам 40 години, барам начин да излезам од државата, поднесов барање за бугарски пасош за да можам да работам нешто надвор“.

За ваквата состојба и се помасовното напуштање на своите родни места побаравме изјава и од таткото на градот Струмица, Зоран Заев. Тој вината ја префрла на централната власт.

„Додека нема слобода и демократија никој од младите на крајот нема да остане во државата. Ниту една општина не може ништо да стори околу оваа работа, сите ќе заминат“, вели градоначалникот на Струмица.

Во Општина Струмица која е на крајниот југоисток, веднаш на тромеѓата на меѓу државните граници со Бугарија и Грција бројот на жители во 2011 година според Државниот завод за статистика брои 56.280 жители, од кои 28.037 се мажи а 28.173 се жени.

Според податоците од Агенцијата за вработување, бројот на невработени лица во струмичкиот регион во март 2012 година изнесувал 14.075 или 5,5% од вкупниот број на регистрирани невработени лица во Македонија во март 2012 година, од кои 8.291 се во градот Струмица. Од вкупниот број на невработени 2.231 или 26,9% се млади лица на возраст од 15 до 29 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.