НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Отворен патот за нов добавувач на топлинска енергија – РКЕ ја одзеде лиценцата на БЕГ

0
By Sashko on June 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: facebook.com/printscreen
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност и вршење на производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ производство, соопшти претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Тој додаде дека за одлуката на РКЕ ќе биде запозната и Владата која со соработката со Министерството за економија е должна да организира тендер, односно јавен повик за избор на нов вршител за вршење на енергетска дејност – производство на топлинска енергија.

„Сите овие рокови за организирање на јавниот повик очекувам да бидат кратки во наредниот период, со цел да завршат навремено и да се избере нов вршител на енергетската дејност – производство на топлинска енергија“, нагласи Бислимовски.

Првиот човек на РКЕ нагласи дека во изминатиот период повеќе пати било комуницирано со БЕГ производство.

„Знаете дека одреден период имавме одредени несогласувања, а потоа со добивањето на позајмицата од Владата од околу шест милиони евра, снабдувањето со топлинска енергија во градот Скопје во целост се стабилизираше. Потоа, БЕГ производство, за својата лиценца, сметаа дека повеќе нема да можат да ја вршат оваа дејност со соодветен квалитет и поради тоа Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за престанување на таа лиценца. Дополнително, во петокот, добивме две исти такви барања и за БЕГ дистрибуција и за БЕГ снабдување. Овие три компании кои произлегуваа од БЕГ ја вршеа оваа дејност во изминатите 9-10 години и во најголем дел ги исполнија своите обврски од лиценците. Но, дојде време кога сметаа дека не можат повеќе да дадат квалитет на испорака на топлинска енергија на соодветно ниво што е пропишано со правилата за снабдување“, потенцира Бислимовски.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.