Воените авиони нападнаа две цели на Исламската држава во Ирак, пренесува Би-Би-Си. Откако британскиот Парламент се согласи на воена акција во петокот, два успешни удари беа лансирани се вели во изјавата на британското Министерство за одбрана.
Од Министерството велат дека две „Торнада“ биле пуштени во вооружена извидувачка мисија, откако беа замолени да им помогнат на нападнатите курдски сили во северо-западниот дел на Ирак.
Авионите Торнадо биле пратени на мисија во Кипар за да им помогнат на курдските борци против воената група на ИД, исто така позната како ИСИЛ и ИСИС.
При слетување над целта, воените авиони идентификувале област со тешко оружје на ИД кои ги напаѓаа курдските копнени сили. Една бомба била пуштена во позицијата на ИД.
По ова бил идентификуван вооружен пик-ап камион во истата област и надлежните спровеле напад врз возилото со помош на проектили со сулфур.
Според првичните проценки и овие напади биле успешни.