НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Францускиот предлог без Протокол стаса пред пратениците, во тек е првиот состанок

0
By Mirjana on July 6, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од пред неполн час во Домот на пратениците почна средбата на партиските репрезенти за францускиот предлог. Во име на владата предлогот го образложува вицепремиерот Бојан Маричиќ а претставник од СДСМ е координаторот на пратеничката група Јован Митревски. Од ВМРО ДПМНЕ на средбата дојдоа партискиот потпретседател Александар Николовски и пратеникот Антонио Милошоски. Од ДУИ Арбр Адеми, Павле Трајанов како претставник на партиите ДОМ и ЛДП а од Алијанса за Албанците, пратеникот Елми Азири.

Претставниците на ВМРО ДПМНЕ избегнаа да дадат изјави пред почетокот на средбата. 

Павле Трајанов изјави дека она што барале да го видат и протоколот, наводно Маричиќ не го донесол на средбата.

„Без да го видиме Протоколот не можеме да донесеме заклучоци. Ние и вчера побаравме билатералните прашања да се отстранат од преговарачката рамка, ако тоа не успее нашата поддршка ќе биде дискутабилна, изјави лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески истакна дека „преговарачката рамка не може да се менува но ќе биде облигаторно за владата се што во форма на заклучок ќе се донесе на ниво на оваа работна група“, изјави Митревски.

Адеми од ДУИ пред средбата повтори дека рамката е добра основа за почеток на преговорите и дека македонскиот јазик бил чист без додавки и фусноти а идентитетските прашања гарантирани.

Со оглед на фактот што на оваа средба партиските претставници не можат да се запознаат со содржината на Протоколот, кој со себе во Клубот на пратеници не го понесол Маричиќ според првичните сознанија, тешко е веројатно дека денеска би се излегло со заклучоци од ова работно тело. (М.Т.)

 

состанок за француски предлог пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.