НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Логиката на самоблокада за Бугарија да не нè блокира во иднина е ирационален пристап

0
By Sashko on July 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стравовите за јазикот се неосновани со оваа формулација во рамката. Сега првпат имаме шанса да го затвориме тоа прашање. Граѓаните имаат право на протести, на критики и на политички активности, но целиот овој анти-наратив е заснован на неточни, погрешни толкувања на францускиот пакет, рече вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во гостувањето на ТВ Сител, Османи истакна дека нема никаква бугаризација, ниту наметнување, а нашите учебници не може никој да ги смени. Таквите шпекулации, оцени, се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните.

Во оваа фаза, потенцира Османи, нема почиста формулација за јазикот отколку што има во рамката предложена од француското претседателство. Рамката нема врска со Протоколот, а Протоколот ќе биде објавен, како што рече шефот на дипломатијата, пред неговата средба со бугарската министерка Теодора Генчовска.

Според Османи, логиката да остенеме блокирани за да не нè блокира Бугарија во иднина, е ирационален пристап.

„Сите шпекулации во јавноста за предлогот се неосновани. Луѓето непотребно се вознемируваат. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за прогрес во процесот, има „фул“ почеток на преговори веднаш откако ќе дадеме пас за овој процес. Нема бугаризација, нема наметнување, никој не може да смени наши книги и споменици. Тоа се страшила што се користат за некој да добие политички поени и никако не се во интерес на граѓаните. Интересот на граѓаните е сега да се придвижиме кон ЕУ и да ги зајакнеме демократските институции. Да го почнеме процесот, а во текот на преговорите ќе ги надминеме сите разлики“, потенцира Османи.

Тој објасни и дека унилатералните изјави немаат никакво правно значење, туку се само за домашна употреба.

„Бугарија, иако ќе каже нешто за својата јавност, ќе гласа за рамка во која македонскиот јазик е чист. И ние сега се обидуваме да се фатиме во нешто што е тотално неважно во услови кога првпат во нашата историја имаме ваков документ и предлог што го прифаќа Бугарија. Цело време бугарската позиција беше дека нема шанси во рамката да стои македонски јазик. Се бараше да стои „официјален јазик“ на Северна Македонија. Потоа имаше и други опции, за сега, ова решение да биде апсолутно чисто. Сами да ја напишавме рамката, не можевме поинаку да напишеме за јазикот. Тоа се формулациите“, рече Османи.

Во однос на собраниската седница закажана за четврток, на чиј дневен ред ќе биде францускиот предлог, Османи истакна дека најважни ќе бидат заклучоците, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.

„Најважни ќе бидат заклучоците на Собранието во кои ќе се даде јасен мандат на Владата што може, а што не во текот на преговарачкиот процес. Имам некои информации за какви заклучоци разговараат пратеничките групи. Мислам дека заклучоците ќе имаат важна тежина за да дадат насока“, рече министерот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.