НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прекината потрагата по Мартин во солунските води

0
By Mirjana on July 28, 2022 ПОЛИТИКА
Од вчерашната потрага по третото момче од групата македонски туристи на Халкидики кои беа однесени од морската струја
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По 20 дена интензивна потрага во море, на копно и од воздух, откако спасувачите волонтери од ОФКАТ го „прочешлаа“ Солунскиот залив, делот околу Халкидики, но и целото Егејско море, потрагата по Мартин прекинува на терен, но не запира, јави дописничката на МИА од Атина.

Од ОФКАТ за МИА објаснуваат дека потрагата не запира, туку прекинува на терен, но продолжува на друго ниво, односно преку адвокати, сослушувања и слично. За досегашната потрага велат дека пребарале насекаде, во Солунскиот залив и по крајбрежјето од спротивната страна, на Халкидики, но и во Егејското море. Преку нивниот официјален Фејсбук, од волонтерски спасувачки тим соопштија дека денеска се навршуваат 20 дена без Мартин, а напорите за негово пронаоѓање во изминатиот период не вродија со плод, иако бараа насекаде и со сите средства што им се на располагање.

„Мартин не „припаѓа“ во морето, Мартин припаѓа на земјата и таму, во некој момент треба да се „врати“. Да оставиме неколку дена морето да ја заврши својата рабта со надеж дека ќе ни го врати. Сочувствуваме со неговото семејство и тоа е причината што нема да оставиме случајот да се затвори. Им дадовме ветување на неговата мајка Лидија и на неговиот брат Горан дека ќе го најдеме Мартин. Потрагата веќе продолжува и на… „друго ниво“, напишаа од ОФКАТ.

Членовите на ОФКАТ од првиот момент беа на терен, во различни делови, како на копно, така и во вода, а нивната потрага продолжи и по завршувањето на официјалната потрага што ја водеше крајбрежната служба на Грција. Мартин исчезна на 9 јули кај Посиди на првиот крак на Халкидики, откако со двајца пријатели влегле во морето. пп

Мартин спасувачка акција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.