НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Арачиново доби еден милион евра од Владата за санирање на канал за отпадни води

0
By Sashko on August 23, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: Порталб
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Општина Арачиново ќе добие еден милион евра од Буџетот за санирање на канал за отпадни води. Одлуката е донесена на денешната 72-ра седница на владата и на социјалните мрежи ја сподели првиот вицепремиер, Артан Груби.

„Конечно ќе се санира каналот за отпадни води во Општина Арачиново. На денешната седница на владата ја донесовме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на обиколниот канал во оваа општина. Исклучително важна инвестиција вредна околу 66 милиони денари која ќе овозможи подобар живот на Арачиновци“, напиша Груби на неговиот официјален Фејсбук профил.

Проектот за санирање на каналот за отпадни води во Општина Арачиново до влдата го достави мнистерот за животна средина и просторно планирање , Насер Нуредини со уште два други проекта – за изградба на фекална канализација во село Страчинци во Општина Гази Баба и реконструкција на системот за водоснабдување во Богданци.

Овие проекти се дел од инвестициската програма на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во делот за финансирање проекти за водоснабдување и изградба на примарна и секундарна канализација и се во согласност со стратешките приоритети на МЖСПП за развивање современа и функционална водоводна инфраструктура, заштита на животната средина и подигање на степенот на социјален развој и квалитет на живот во сите општини во нашата држава.

Според МЖСПП, по спроведување на сите претходни подготвителни постапки, во најскоро време ќе следи тендерска постапка за избор на изведувач и започнување на изведбените работи за реализација на гореспоменатите проекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025
ФОКУС

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15…

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.