НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жители на Арачиново на протест пред ЕВН: Вратете нѝ ја струјата, од компанијата бараат да запрат кражбите и нападите врз нејзините екипи

0
By Sashko on August 24, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Жители на Арачиново, во придружба на градоначалникот Ридван Ибраими, денеска протестираа пред објектот на ЕВН во Бутел. Причина е што поголем дел од Општината веќе трет ден е без напојување со електрична енергија по големиот дефект што се случи во понеделникот, како последица на диви приклучоци во мрежата и оптоварување на трансформаторите.

„Неприфатливо е овие граѓани да се соочуваат со голема неправда. Континуирано ја следиме состојбата. Не знам која е целта и кому му одговара ситуацијата да ескалира. Неприфатливо е нехуманото однесување на компанијата. Обврска на ЕВН е да преземе итни мерки и да воспостави ред, како и во сите други општини. Само отоа бараме. Ништо повеќе“, изјави на протестот Ибраими.

Арачиновци ѝ забележуваат на компанијата дека е неажурна за решавање на проблемот и инсистираат на отстранување на дефектот. Од компанијата, пак, возвратија дека во моментот е небезбедно да испратат екипи на терен, бидејќи нејзини вработени биле постојано мета на физички и вербални напади од локални жители.

„Просечните годишни загуби во Општина Арачиново се околу 20.000 мегават часови на електрична енергија поради нелегални приклучоци. Преведено во пари, тоа се шест милиони евра“, соопштија од ЕВН.

Со реакција околу ситуацијата со струја во Арачиново се јави и народниот правобранител кој побара од Министерството за внатрешни работи да обезбеди безбедни услови за екипите на ЕВН во насока на што поскоро санирање на дефектот. Од канцеларијата на народниот правобранител информираат дека група граѓани поднеле претставка, бидејќи не можеле да одржуваат личн хигиена, и покрај тоа што биле редовни плаќачи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

ВЕСТИ August 8, 2025

Значајниот европски акт за слобода на медиумите на ЕУ (ЕМФА) денеска стапи на сила, а…

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

August 8, 2025

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.