НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ утре и задутре го почнува првиот објаснувачки скрининг со Северна Македонија и со Албанија

0
By Sashko on September 14, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преговарачкиот тим на Северна Македонија утре и задутре ќе го обновува своето знаење за законодавството на Европската Унија (ЕУ) во пресрет на отпочнувањето на билатералниот скрининг, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тимот составен од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и од претставници на надлежните институции, утре во Брисел, а задутре во Луксембург, ќе одржи објаснувачки скрининг со Европската Комисија, прв пат од 2019 година.

Објаснувачкиот скрининг ќе се одржува заедно со албанскиот преговарачки тим. Двете земји ќе се одвојат кога ќе започне билатералниот скрининг, најрано за два месеца.

Целта на објаснувачкиот скрининг, како и во 2019 година, е да се информираат тимовите на земјите преговарачи за текот и новитетите во ЕУ законодавството. Со оглед на тоа дека Северна Македонија и Албанија немале објаснувачки скрининг од 2019 година, тие треба да поминат преку ажурирање на последните закони, пресуди и одлуки во секое од поглавјата од тогаш до денеска. Во овој дел процесот, улогата на земјите што преговараат е повеќе пасивна, тие слушаат, фаќаат белешки и поставуваат прашања.

Скринингот започнува со првиот и најважен кластер. Утре состанокот е фокусиран на поглавјето пет – Јавни набавки. Задутре, тимовите заминуваат за Луксембург каде се одржува состанок за поглавјето 18 – Статистика. И двете поглавја се дел од фамозниот прв кластер, познат како “Темели“. Другите поглавја во овој кластер се Правда, Судство и Финансиска контрола.

Од Европската Комисија за МИА изјавија дека тие остануваат целосно посветени на унапредувањето на ЕУ процесот со Северна Македонија и Албанија.

„Ова е прв и значаен чекор во преговарачкиот процес, целосно поддржан од владите и парламентите на двете земји“, изјави портпаролката Ана Писонеро за МИА.

Таа додаде дека следните месеци носат „интензивна работна програма“ за сите страни, а таа ќе започне со Темелите.

„Станува збор за технички средби во кои е инволвиран голем број на експерти, а ние сме во близок контакт со властите за распоредот на средбите“, додаде Писонеро за МИА.

Откако ќе завршат објаснувачките скрининзи, треба да започнат билатералните. Во овој дел Албанија и Северна Македонија треба да се одвојат.

Билатералниот скрининг го префрла фокусот на земјата преговарач која треба на експертите од Европската Комисија секој пат да им го презентира напредокот во секое од поглавјата. Следува извештај на Европската Комисија кој го проценува тој напредок, а извештајот треба да го одобрат и усвојат земјите членки на ЕУ, односно Советот на ЕУ.

Засега се смета дека билатералниот скрининг би можел да почне некаде во ноември, а да заврши кон крајот на идната година.

Во меѓувреме, Северна Македонија има и дополнителен политички услов, а тоа е внесувањето на бугарската заедница во Уставот. Дури потоа Скопје би можело да ја одржи првата Меѓувладина конференција и да ги отвори преговарачките поглавја.

Утре состанокот започнува во 9:15 часот во Брисел. Тимот го води главниот преговарач, Бојан Маричиќ. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.