НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни трага ни глас од патниците во голфот што падна во Вардар

0
By Соња Крамарска on September 28, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спасувачките екипи се уште трагаат по возачот кој вчера со автомобилот излета од мостот кај Желино и падна во водите на Вардар. Од МВР се уште не знаат по колку лица се трага, дали покрај возачот во автомобилот имало и други патници. Потрагата ја отежнуваат надојдените и заматени води на Вардар.

Голфот 4 со кумановски регистерски таблички вчера со помош на механизација беше извлечен од Вардар неколку часа по несреќата. Потрагата по возачот и евентуални патници ќе трае до крајот на денот, но и следните денови. Информациите дека зад воланот седело 22 годишно момче од Куманово, според полицијата засега се шпекулации.

И Центарот за управување со кризи (ЦУК), соопшти дека се уште се одвива потрагата.
„По добиени податоци од раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, од лице место на терен, во потрага до 14.30 биле вклучени пет лица од Полициската станица (ПС) Јегуновце, лица од Црвен Крст-Тетово, четири нуркачи од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пет вработени од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово, шест вработени од Единицата на локалната самоуправа (ЕЛС) Желино, екипа од РЦУК Тетово“, јавија од ЦУК.

Во меѓувреме во потрагата се вклучи и специјализирана нуркачка екипа од Министерството за внатрешни работи (МВР), како и екипа на Криминалистичка полиција од СВР Тетово на МВР.
На теренот беше екипа од Дирекцијата за заштита и спасување од Кочани со четири лица заедно со четири нуркачи од ДЗС Тетово. Исто така, од 13 часот од Единицата за брзо распоредување (ЕБР) е присутен тим од седум членови, а и други доброволци коишто вршат потрага на двете страни од коритото на реката Вардар. МВР испрати и хеликоптер кој го надлета течението на реката.

паднат голф во Вардар потрага
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.