НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Софијанова: Никогаш не сум земала плата од 300.000 денари

0
By Соња Крамарска on October 14, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако вчера ТВ Клан објави видео од канцеларијата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова, во кое нивниот новинар Фуркан Салиу изнесе низа обвинувања за тоа колкава плата зема, дека повеќе заработува од дежурства, од Детската клиника испратија соопштение во кое нагласуваат дека надоместоците за дежурства се целосно регулирани исто како што нормативно се регулирани и платите и приходите на сите вработени во Клиниката за детски болести.

„Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката д-р Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредни документи презентирани во јавноста“, се вели во соопштението, притоа демантирајќи дека докторката месечно заработува околу 5.000 евра како што тврди новинарот Салиу, повикувајќи се на документи кои ги добил.

Од Клиниката за детски болести изразија жалење за начинот на комуникација во текот на вчерашниот ден.

Софијанова и преку Фејсбук испрати реакција за настанот што се одигра вчера во нејзината канцеларија.

„Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цистична фиброза. Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања. Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утврден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш“, реагираше таа.

 

 

Аспазија Софијанова плата и дежурства ТВ Клан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.