НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разрешена директорката на школото „Даме Груев“ во Градско

0
By Соња Крамарска on December 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков потврди за МИА дека ја разрешил директорката на ООУ „Даме Груев“ Таца Дукова, каде што ученик подолго време бил жртва на врсничко насилство.

Врсничкото насилство, како што изјави Нацков, се случило во два наврати во текот на ноември врз деветтооделенец од ова училиште, од страна на двајца негови соученици, во училишната соблекувална за физичко образование и спорт, кога ја искинале неговата долна облека и му нанеле гребаници.

Ученикот, кој е и првенец во генерацијата, од истите соученици и претходно бил изложуван на малтретирање преку уништување на неговиот училишен прибор што му бил фрлан низ прозорецот, а бил удиран и по главата.

По пријава од неговиот родител до СВР Велес, тие до Јавно обвинителство во Велес испратиле известување со поплака од родителот И.Т за вознемирување и закани на наговиот син од негови соученици во основното училиште „Даме Груев“ во Градско.

Обвинителката Гордана Тодорова информира за МИА дека Обвинителството од Велес оформило предмет, додавајќи дека е во тек предистражна постапка за обезбедување докази за случајот.

Завчера некои од локалните медиуми известија за превземените мерки од директорката на училиштето Таца Дукова и училишниот психолог и наставничкиот совет. Воедно завчера на разговор во домот на детето бил тим од Центарот за социјални работи од Велес.

Директорката Дукова ги информирала дека за врсничкото насилство што се случило на 11 ноември, таа била информирана три дена подоцна, од страна на родителот на ученикот, по што училишниот психолог ги повикал на разговор учениците кои извршиле насилство и нивните родители.

Во папката со евидентирани документи од директорката Дукова биле сите записници и документи од преземените активности за опсервација на ситуацијата, како и два записници од двата состаноци на Наставничкиот совет на училиштето одржани на 18 и 25 ноември.

Наставничкиот совет според психологот, на првиот состанок дал предлог, а на вториот донел и одлука за изрекување педагошки мерки за намалување на поведението на двајцата ученици и преместување во друга паралелка.

Извор: МИА

врсничко насилство Градско разрешена директорка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.