НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Со буџетот за МВР од 182,7 милиони евра создаваме ефикасна и модерна полиција

0
By Соња Крамарска on December 15, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го презентираа буџетот на МВР за 2023 година. Ковачевски најави дека со зголемувањето од 6 отсто, идната година буџетот на ова министерство ќе изнесува 182,7милиони евра кои се за модернизација, и подобри услови за работа на полицијата.

„Темелот на нашиот безбедносен систем е добро подготвена и добро опремена полиција. Нема да запреме со редовна исплата на плати и бонуси на полицајците, со купување нова опрема, а ќе продолжи и реновирањето на објектите“, рече тој.

И во овој буџет е планирана ставка за исплата на бонус плати за 2022 година, за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво. Со години наназад на полициските службеници, бонус платите не им се исплаќаа, за што тие поднесуваа тужби, а државата плаќаше отштета. Но сега е сменета таа практика, и како што нагласи Ковачевски досега се исплатени заостанатите неисплатени бонус плати и редовно е продолжено со нивно исплаќање за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година.

„Владата се стреми и работи за што побрзо членство на Северна Македонија во ЕУ, затоа ни е обврска секој полицаец да се почувствува уште повеќе ценет во општеството, со подобри шанси за квалитетен живот, но и подобри и поквалитетни услови за работа, како европските стандарди“, вели шефот на Владата.

Средствата се планирани и за набавка на нов систем за идентификација на траги од папиларни линии од прсти и дланки со кој ќе се надгради ефикасноста на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења и за дигитализација на форензика.

Ковачевски посочи и дека се реконструирани 78 објекти и дека се почнати подготовките за реконструкција на Центарот за обука во Идризово, а продолжува и реконструкцијата на Управните служби во зградата на Националната радиотелевизија.

буџет 2023 МВР Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

ВЕСТИ August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на…

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Стапува на сила нов европски закон за медиуми и заштита на новинари

August 8, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.