Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грковска – Шахин: Поддршката на САД за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ – клучен сегмент за стабилноста на Балканот

0
By Ана Василевска on February 1, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 1, 2023 11:30
Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, во рамки на работната посета на Вашингтон, САД, синоќа оствари средба со сенаторката Џин Шахин, претседавач со Поткомитетот за надворешни прашања за Европа и регионална безбедносна соработка на Сенатот, на која било потенцирано дека поддршката на САД за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ – клучен сегмент за стабилноста на Балканот.

За време на конструктивната средба, како што соопшти владината прес-служба се дискутираше околу одлуките кои Владата на Северна Македонија ги донесе за да се остварат драстични промени во насока на отпочнување на преговарачкиот процес со ЕУ и влезот во НАТО, како и позитивниот пример кој Северна Македонија го дава за земјите во регионот.

Меѓу другото, сенаторката отворено ја истакна својата поддршка за што поскоро отпочнување на процесот за преговори со Европската Унија кои се од клучна важност како за Северна Македонија така и за стабилноста и безбедноста во регионот.

Вицепремиерката Грковска истакна дека одлуките што беа донесени се знак дека државата се движи во вистинска насока кон остварување на поставените цели, а за само три години беше постигнато толку многу што Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО Алијансата и сега веќе се наоѓаме во финалето за преговори со ЕУ.
Дополни дека нашата држава е успешна приказна во регионот и ја истакна својата благодарност за целата поддршка во процесот на интеграции од страна на САД.

На средбата се разговараше и за една од најактуелните глобални теми – сајбер безбедноста при што вицепремиерката Грковска, чиј еден од клучните фокуси е токму процесот на дигитализација накратко информираше за сите отворени и претстојни процеси во доменот на дигитализацијата и сајбер безбедноста. 
ЕУ и НАТО Поддршка САД Славица Грковска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.