НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа, разбуди се

0
By Нова ТВ on November 18, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Џорџ Сорос

Европа се соочува со предизвик од Русија, кој го загрозува нејзиното постоење. Ниту европските лидери, ниту европските граѓани не се комплетно свесни за овој предизвик, а исто така и не знаат како најдобро да се справат со него. Воглавно, ова го припишувам на фактот што Европската унија, а особено еврозоната се изгуби на својот пат по финансиската криза во 2008 година.

Фискалните правила кои моментално надвладуваат во Европа предизвикаа големо популарно незадоволство. Анти-европските партии добија скоро 30 проценти од пратеничките седишта на последните избори за Европскиот парламент, но тие немаа реална алтернатива на ЕУ досега. Сега Русија претставува алтернатива која претставува најголем предизвик за вредностите и принципите на кои Европската унија беше првично заснована. Алтернативата се базира на употреба на сила која се манифестира во репресија дома и агресија надвор, спротивно на принципот на владеење на правото.

Запрепастувачки е фактот што Русија на Владимир Путин е на некој начин супериорна во однос на Европската унија – таа е пофлексибилна и постојано предизвикува изненадувања. Тоа и даде тактичка предност, барем на краток рок.

Европа и Соединетите Држави – секоја поради свои причини – се одлучни во намерата да избегнат секаков директен воен судир со Русија. Русија ја искористува нивната колебливост. Злоупотребувајќи ги обврските од договорите, Русија го анексираше Крим и воспостави сепаратистички енклави во источна Украина. Во август, кога неодамна поставената влада во Киев беше на работ на можна победа во војната во источна Украина против сепаратистичките сили поддржани од Русија, претседателот Путин изврши инвазија во Украина со регуларните вооружени сили, со кршење на Рускиот закон кој ги иззема регрутите од странски сервис без нивна согласност.

Во седумдесет и два часа овие сили уништија неколку стотици Украински оклопни возила, што претставува суштински дел од нејзината борбена сила. Според генералот Весли Кларк, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, Русите употребиле неколку ракетни системи вооружени со касетни бомби и термобарски боеви глави (нехумано оружје кое треба да биде забрането) со разурнувачки ефект. Локалната полиција од Украинскиот град Днепропетровск претрпе најголеми загуби бидејќи комуницираа со мобилни телефони и затоа можеа лесно да бидат лоцирани и да бидат на мета на Русите.

Претседателот Путин, досега, се придржува на договорот за прекин на огнот кој го склучи со украинскиот претседател Петро Порошенко на 5 септември, но Путин го задржа изборот или да продолжи со прекинот на огнот се додека е поволен за него, или да продолжи со напади во полн обем.

Во септември, претседателот Порошенко го посети Вашингтон каде што беше позитивно дочекан на заедничката седница во Конгресот. Тој побара “и смртоносни и несмртоносни” одбранбени оружја во неговиот говор. Сепак, претседателот Обама го одби неговото барање за рачни проектили кои можат да се употребат против тенкови кои продираат на Украинска површина. Порошенко доби радар, но која е неговата корист без проектили? Европските држави се еднакво колебливи за обезбедување на воена помош за Украина, плашејќи се од Руска одмазда. Посетата на Вашингтон му понуди на претседателот Порошенко помош во облик на фасада, со малку суштина зад неа.

Исто толку вознемирувачка беше и определбата на официјалните меѓународни лидери да не ги донесат новите финансиски обврски кон Украина и да ги одложат по изборите на 26 октомври (кои ќе се одржат откако ова прашање ќе излезе во медиумите). Ова водеше до притисок врз украинските девизни резерви и го покрена спектарот на расцутената финансиска криза во државата.

За да биде уште покомплицирано, Русија истовремено си поигрува со морковите и стапчињата на условеноста. Таа понудува – но не успева да потпише – договор за снабдување со гас со кој ќе се задоволат потребите на Украина во зима. Во исто време, Русија проба да ја спречи доставата на гас којшто Украина го обезбеди од европскиот пазар преку Словачка. Слично, Русија преговара со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за да ги набљудува границите, а во меѓувреме продолжува да ги напаѓа аеродромот во Доњецк и пристанишниот град Мариупол.

Лесно може да се предвиди што не очекува во иднина. Путин ќе ги чека резултатите од изборите на 26 октомври и потоа ќе му понуди на Порошенко гас и други придобивки кои беа ветувани, под услов Порошенко да постави премиер кој ќе биде прифатлив за Путин. Тоа ќе ги исклучи сите кои се поврзани со победата на силите кои ја срушија владата на Виктор Јанукович, со повеќемесечните протести на Мајдан – плоштадот на независноста. Сметам дека е малку веројатно дека Порошенко би прифатил таква понуда. Доколку прифати, бранителите од Мајдан ќе се откажат од него, и силите на отпорот ќе бидат повторно обновени.

Путин може потоа да се пренасочи кон помала победа која сеуште ќе му биде на дофат:
може со сила да отвори копнен пат од Русија до Крим и Транснистрија пред почетокот на зимата. Алтернативно, може едноставно да седи и да го чека економскиот и финансискиот колапс на Украина. Се сомневам дека би се воздржал од изгледите за голема поволна зделка со која Русија би им помогнала на Соединетите Држави во борбата против ИСИС – на пример со тоа што нема да и ги доделат на Сирија ветените С300 проектили, што ќе резултира со зачувување на воздушната доминација на САД – а на Русија ќе и биде дозволено да направи чекори во “блиското соседство,” како што повеќето држави – соседи на Русија се нарекуваат. Полошо од тоа е фактот што претседателот Обама може да прифати ваква зделка.

Тоа ќе биде трагична грешка, со далекосежни геополитички последици. Без потценување на заканата од ИСИС, јас тврдам дека зачувувањето на независноста на Украина треба да биде приоритет; без тоа, дури и алијансата против ИСИС ќе се растури. Колапсот на Украина ќе биде огромна загуба за НАТО, за Европската унија и за Соединетите Држави. Победничка Русија ќе стане многу повлијателна во ЕУ и ќе претставува моќна закана за Балтичките држави кои имаат огромен број на жители кои се етнички Руси. Наместо да ја поддржува Украина, НАТО би морал да се брани на сопствена земја. Тоа ќе ги изложи и ЕУ и САД на опасноста за која беа толку желни да ја избегнат: директен воен судир со Русија. Европската унија ќе биде уште повеќе поделена и ќе биде невозможно да се воспостави ред и власт во неа. Зошто САД и другите држави членки на НАТО би дозволиле ова да се случи?

Аргументот кој преовладува и во Европа и во САД е дека Путин не е Хитлер; со тоа што ќе му се пружи се што тој може разумно да побара, може да биде спречен од понатамошно користење на сила. Во меѓувреме, санкциите против Русија – кои вклучуваат, на пример, рестрикции за стопански трансакции, финансии и трговска размена – ќе имаат ефект и на долг рок Русија ќе мора да се повлече со цел да добие ослободување од нив.

Ова се лажни надежи кои произлегуваат од лажни аргументи кои не се поткрепени со фактички докази. Путин неколку пати прибегна кон употреба на сила и може повторно да го стори тоа, се додека не се соочи со силен отпор. Дури и ако оваа хипотеза се покажи дека е правилна, неодговорно е да не се подготви План Б.

Има два спротивни аргументи кои се помалку очигледни, но се поважни. Како прво, западните власти ја игнорираат важноста на тоа што јас го нарекувам “нова Украина”, која беше родена со успешниот отпор на Мајдан. Многу официјални лица кои имале искуства со Украина имаат тешкотии за да се прилагодат на револуционерната промена која се случи таму. Неодамна склучениот договор за асоцијација меѓу ЕУ и Украина беше подготвуван и преговаран со владата на Јанукович. Деталниот патоказ сега треба да претрпи измени и прилагодувања на новата, сосема поинаква ситуација.

Спротивно на некои широко распространети пресметки, отпорот на Мајдан беше предводен од врвот на граѓанското општество: млади луѓе, од кои многу студирале во странство и одбиле да се придружат на владата или на бизнис секторот кога се вратиле дома, бидејќи и двата сектори им биле одбивни. (Националистите и анти-семитските екстремисти беа само мал дел од протестантите против Јанукович.) Тие се предводници на новата Украина и се категорично спротивставени на враќањето на “старата Украина,” со нејзината ендемична корупција и неефикасна влада.

Новата Украина мора да се соочи со руската агресија, со бирократскиот отпор и дома и во странство, и со збунетоста на граѓаните. Изненадувачки, ја има поддршката на повеќе олигарси, пред се од претседателот Порошенко, како и од широкото граѓанство. Секако, постојат длабоки разлики во историјата, јазикот и изгледот помеѓу источните и западните делови на државата, но Украина е повеќе обединета и повеќе насочена кон Европа од било кога. Таа обединетост, сепак, е исклучително кршлива.

Новата Украина остана широко непризнаена бидејќи треба да помине време за нејзиното влијание да биде почувствувано. Практично, немаше безбедносни сили на располагање кога беше создадена. Безбедносните сили на старата Украина беа активно вклучени во задушувањето на бунтовниците на Мајдан и беа дезориентирани ова лето кога требаше да ги почитуваат наредбите на влада формирана од поддржувачите на бунтот. Не е чудо што новата влада на почетокот не беше во можност да постави ефективен отпор на воспоставувањето на сепаратистички енклави во источна Украина. Впечатлив е фактот што претседателот Порошенко успеа, само по неколку месеци од неговиот избор, да изврши напад со кој овие енклави беа сериозно загрозени.

За да ги цените заслугите на новата Украина, мора да имате некакво лично искуство со оваа држава. Јас можам да зборувам со моето искуство, иако признавам дека сум пристрасен во нејзина корист. Воспоставив фондација во Украина во 1990 година дури и пред државата да стане независна. Нејзината управа и персонал се составени само од Украинци и влечи длабоки корени од граѓанското општество. Често ја посетував државата, особено во првите години, но не од 2004 до раната 2014 година, кога се вратив за да бидам сведок на раѓањето на новата Украина.

Одма бев импресиониран од големото подобрување на зрелоста и експертизата за тоа време и во мојата фондација, и во поширокото граѓанско општество. Моментално, граѓанскиот и политичкиот активизам е поголем од било каде во Европа. Луѓето ја докажаа нивната подготвеност да ги жртвуваат нивните животи за државата. Тоа се скриените предности на новата Украина кои се игнорирани од западот.

Другиот недостаток на моменталниот став на Европа кон Украина е тоа што одбива да признае дека рускиот напад врз Украина е индиректен напад на Европската унија и нејзините принципи на владеење. Треба да биде очигледно дека не е соодветно за една држава, или за заедница на држави, во војна да продолжи со политиката на фискална строгост, како што тоа продолжува да го прави Европската унија. Сите ресурси кои се на располагање треба да бидат ставени во воените напори, дури и ако тоа вклучува генерирање на буџетски дефицити. Кршливоста на новата Украина ја прави амбивалентноста на западот се повеќе и повеќе погубна. Не само опстанокот на новата Украина, туку и иднината на НАТО и ЕУ се изложени на ризик. Во отсуство на заеднички отпор, не е реално да се очекува дека Путин ќе престане да врши влијание и притисок пошироко од Украина, кога поделбата на Европа и доминацијата на Русија е на повидок.
Со идентификуваните недостатоци од моменталниот пристап, ќе пробам да го опишам правецот кој Европа треба да го следи. Санкции против Русија се неопходни, но тие се неопходно зло. Тие ќе создадат депресивен ефект не само на Русија, туку и на европските економии, вклучувајќи ја и Германија. Во спротивно, помагањето на Украина за да се одбрани од руската агресија ќе има стимулативен ефект не само на Украина, туку и на Европа. Тоа е принципот кој треба да ја води европската помош за Украина.

Германија, како главен застапник за фискална строгост, мора да ја разбере внатрешната контрадикторност која е вклучена. Канцеларот Ангела Меркел се однесува како вистински Европеец во однос на заканата наметната од Русија. Таа е водечкиот застапник за санкциите против Русија, и е подготвена да се спротивстави на Германската јавност и на бизнис интересите на оваа тема отколку на било кое друго прашање. Дури откако Малезискиот авион беше срушен во јули, германската јавност се придружи кон нејзиниот став. Сепак, во однос на фискалното штедење таа неодамна ја потврди својата верност кон православието на Бундесбанк -веројатно како одговор на изборните приливи од страна на Алтернатива за Германија, анти-европската партија. Таа најверојатно не сфаќа колку спротивности предизвикуваат нејзините потези и изјави. Таа треба да биде повеќе посветена на помошта за Украина отколку за наметнувањето на санкции за Русија.

Новата Украина има политичка волја и за да ја одбрани Европа од руската агресија, и за да се активира за радикални структурни реформи. За да ја зачува и наметне таа волја, Украина треба да добие соодветна помош од нејзините поддржувачи. Без тоа, резултатите ќе бидат разочарувачки и надежта ќе се претвори во очај. Разочараноста веќе започна да надвладува кога Украина доживеа воен пораз и не доби оружја кои и се потребни за да се одбрани.

Крајно време е за државите членки на Европската унија да се разбудат и да се однесуваат како држави кои се индиректно во војна. И за нив е подобро да и помогнат на Украина да се одбрани, отколку да треба да се борат за себе и за својата безбедност. На еден начин или на друг, внатрешната спротивност меѓу влегувањето во војна и фискалната строгост мора да биде елиминирана. Каде што има волја, таму има и начин.

Да бидам попрецизен. Во последниот извештај за напредок, издаден во минатиот септември, ММФ процени дека во најлошо сценарио, на Украина ќе и биде потребна помош од 19 милијарни долари. Условите додатно се влошија од тогаш. По изборите во Украина, ММФ ќе треба одново да ја оцени нејзината првична претпоставка во консултација со новата Украинската влада. Исто така, треба веднаш да обезбеди најмалку 20 милијарди долари инјекција, со ветување за додатни средства кога ќе биде потребно. Партнерите на Украина треба да обезбедат дополнително финансирање кое ќе биде во зависност на спроведувањето на програмата на ММФ, на нивен сопствен ризик, во согласност со стандардната практика.

Новиот пакет за помош вклучува размена на долг кој ќе го трансформира украинскиот долг од еврообврзници (кој изнесува околу 18 милијарди долари) во долгорочни и помалку ризични обврзници. Ова ќе го олесни товарот на украинскиот долг и ќе го намали неговиот ризик. Со учеството во размената, сопствениците на обврзници ќе се согласат да прифатат пониски камати и да дадат подолг рок за да ги добијат назад своите пари.

Размената ќе биде на волонтерска и пазарна база, така што нема да може да биде погрешно окарактеризирана како стандардна. Сопствениците на обврзници ќе сакаат да учествуваат бидејќи новите долгорочни обврзници ќе бидат гарантирани – но само парцијално – од САД и Европа, исто како што САД и помогна на Латинска Америка да излезе од должничката криза во 1980тите со таканаречените Бреди – обврзници (наречени по американскиот секретар за финансии Николас Бреди).

Ваквата размена ќе има неколку важни придобивки. Едната е тоа што во наредните две или три критични години, владата ќе може да користи значајно помалку од ограничените девизни резерви за да ги исплаќа сопствениците на обврзниците. Парите можат да бидат користени за други итни потреби.

На крај, Украина ќе ги држи сопствениците на обврзници ангажирани, што е подобро отколку да ги гледа како повлекуваат пари како што постојниот долг стасува во наредните неколку години. На овој начин ќе и се олесни на Украина враќањето на меѓународните пазари на обврзници кога кризата ќе помине. Имајќи ги предвид моменталните услови, би било попрактично и поисплатливо за САД и Европа да не ја употребат нивната кредитна способност директно за да гарантираат дел од долгот на Украина, туку да ангажираат посредници како што се Европската банка за реконструкција и развој или Светската банка и телата кои се во нејзин состав.

Украинската компанија во државна сопственост, Нафтогас, претставува црна дупка во буџетот и главен извор на корупција. Моментално Нафтогас продава гас за домаќинствата за 47 долари на илјада кубни метри, за што компанијата плаќа 380 долари за илјада кубни метри. Денешната состојба укажува дека луѓето не можат да ја контролираат температурата во нивните домови. Радикалната реконструкција на комплетниот систем на Нафтогас може да ја намали потрошувачката на домаќинствата најмалку за половина, и може тотално да ја елиминира зависноста на Украина од Русија за гас. Тоа би вклучувало наплаќање за домаќинствата по пазарните цени за гас. Првиот чекор би бил инсталирање на бројачи во домовите, а второ би било дистрибуирање на субвенции за домаќинствата кои имаат такви потреби.

Волјата за спроведување на овие реформи е силна, и кај новото раководство и кај идната влада, но задачата е многу сложена (како би дефинирале кои домаќинства се сиромашни и имаат потреба од субвенции?), а исто така и експертизата е несоодветна. Светската банка и нејзините подружници и филијали можат да спонзорираат проектен тим за развој кој би вклучил меѓународни и домашни експерти кои можат да ја претворат постојната политичка волја во исплатливи проекти. Почетниот трошок би надминал 10 милијарди долари, но може да биде финансиран од проектни обврзници издадени од Европската инвестициона банка, а исто така ќе произведе многу голем повраток на вложувањето.

Исто така, крајно време е за Европската унија критички да се осврне врз самата себе. Мора да има нешто погрешно во ЕУ доколку Русија на Путин може да биде толку успешна, дури и во краток рок. Бирократијата на ЕУ повеќе нема монопол врз моќта и власта, и нема многу работи на кои може да се гордее. Треба да научи да биде повеќе обединета, флексибилна и ефикасна. И самите Европејци треба одблиску да ја погледнат новата Украина. Тоа може да им помогне да се присетат на оригиналниот дух и чувство кое водеше до создавање на Европската унија. Европската унија ќе се спаси самата себе со спасувањето на Украина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.