Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грчкиот парламент ќе одлучува за амандманот за блокада на учеството на изборите на партијата на поранешниот пратеник од Златна зора

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Парламент Грција
Парламент Грција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 10:55

Денеска на надлежната комисија, а утре на пленарна седница, Грчкиот Парламент ќе одлучува за амандманот доставен од Министерството за внатрешни работи со кој дополнително се појаснува законот што се однесува на исклучување од изборниот процес на партијата на поранешниот пратеник од Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна за формирање криминална организација, јави дописничката на МИА од Атина.

Амандманот предвидува дека Врховниот суд на пленарна седница ќе одлучува за учество на изборите на одредена партија.

Партијата Национална партија –Грци, која во Грција се нарекува и „партијата на Касидиарис“, го промени првиот човек за да го заобиколи постоечкиот закон што може да го блокира учеството на претстојните парламентарни избори во земјата.

На местото на Касидиарис, кој ќе биде кандидат за пратеник во Атина, дојде поранешниот заменик- обвинител од Врховниот суд, Анастасиос Канелопулос.

Грчкиот парламент веќе има изгласано закон со кој се забранува на изборите да учествува партија чиј претседател, генерален секретар или вистински лидер е осуден за криминално дело, а сега, со амандманот се поставуваат дополнителни ограничувања.

Целиот случај со „партијата на Касидиарис“ предизвика низа реакции во Грција во изминатите денови, а со јавен став, нешто што не е вообичаено, излезе и потпретседателот на Врховниот Суд Христос Ѕанерикос кој смета дека амандманот е директна интервенција во работата на судот.

Партијата „Национална партија –Грци“, според истражувањата на јавното мислење во земјата, добива доволен рејтинг за да го помине неопходниот изборен праг од три отсто и да обезбеди место во Парламентот.

Одлуката, дали партијата ќе учествува на изборите или не, ќе ја донесе Врховниот суд на Грција, веројатно на 5 мај.

Касидиарис, кој моментално е во затвор,  во периодот од 2012 до 2019 година беше пратеник од Златна зора, а во октомври 2020 година беше осуден на затворска казна од 13 година и шест месеци поради формирање криминална организација.

Златна Зора Илиас Касидиарис Парламент Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.