Додека регионот, а особено Србија ја тресе аферата со канцерогеното млеко, српската млекарница „Величковиќ“ доби дозвола за увоз на млеко во Македонија. Како што јавуваат српските медиуми, оваа млекарница не се нашла на списокот на млекарници со канцерогени млека бидејќи кравите биле хранети со сено од јабланичкиот и пчињскиотб регион, а многу малку со пченка.
“Ова е уште една потврда дека добро работиме бидејќи македонското министерsтво за земјоделство одобри увоз на шест наши производи изјави”, Милан Величковиќ, директор на млекарницата.
Инаку, првичните резултати од дополнителните 25 мостри на домашно млеко и млечни производи покажале дека во нив нема присуство на афлатоксин М1 повеќе од дозволените граници. Во исто време од Факултетот за ветеринарна медицина добиена е и официјална потврда дека дваесетте вида на млеко и млечни производи кои беа испитувани викендов се безбедни за употреба.
Со ова надлежните институции гарантираат дека македонското млеко и млечни производи се безбедни во исхраната.