НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори: ВЛЕН ја разигра ДУИ, кој губи од нивната игра – СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

0
By Marija Todorovska on February 21, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На претседателските избори партиите на Албанците ќе се натпреваруваат со двајца кандидати. ДУИ се повлече од првичната позиција за консензуален кандидат со СДСМ, ставени пред свршен чин со кандидатот на албанската опозиција од коалицијата ВЛЕН (Вреди), Арбен Таравари. ДУИ не се осмели да влезе во двојните избори во дефанзива“, вели за „Фронтлајн“ политичкиот аналитичар Дритон Зенку, зборувајќи за недостатоците и предностите што може да ги имаат двете кандидатури на партиите на Албанците во однос на изборите и кандидатите на две големи партии во државата – СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ.

– Доколку ДУИ не настапи на нив, претседателската изборна реторика на албанската опозиција би била иста како во 2020 година, да се гласа за кандидатот Албанец. Одлуката да се влезе во трка со кандидати Албанци на некој начин ќе влијае на првиот изборен круг. СДСМ нема да има бонус од гласовите на Албанците, а ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност да се соочи со кандидатот на СДСМ со македонски „пуро“ гласови, изјави Зенку.

Според него, учеството на претседателската трка на албанските партии овозможува втор изборен круг и го фаворизира кандидатот на македонската опозиција.

– Улогата на албанските партии во вториот круг ќе биде одлучувачка. Доколку се случи некоја од албанските партии да ги бојкотира изборите, можно е да не се постигне консензус на гласачкото тело што ќе се појави на изборите. Изборниот процес може да пропадне и да се појави потреба да се направат уставни измени и претседателот да се одбере во Собранието. Претходно имавме законски измени и цензусот беше намален на 40%. Реални се шансите со бојкот на изборите од Албанците да не се достигне ни овој процент, подвлече тој.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски вели дека во констелација на заеднички споени претседателски со парламентарни избори, очекувано беше да има кандидатури за претседател на етичките албански партии, бидејќи, како што вели, на тој начин ќе си ги измерат силите во првиот круг.

– Многу опасно некоја албанска политичка опција (ДУИ или обединетата албанска опозиција) да не пушти свој кандидат за претседател. Да, тоа оди во прилог на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи гласовите ќе бидат чисто етнички распределени, што е жално за држава која е 33 години повеќе партиска демократија, членка на НАТО, земја која претендира да влезе во ЕУ, сè уште да се гласа етнички, особено за претседател на државата. И да нема ниту една партија на Албанците кандидат за претседател, многу е тешко да имате избор во прв круг на претседателските избори, бидејќи други помали партии како Левица и некои останати ќе кандидираат свои кандидати, и шансите за некој претседателски кандидат да освои 50% плус 1 глас и во првиот круг да победи, се рамни на невозможното, анализира за „Фронтлајн“ – Атанасоски.

Политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ерол Ризаов во својата колумна смета дека државата влегува во опасна предизборна кампања.

– Македонија влетува во кулминација на опасна, валкана и подмолна предизборна кампања. Војната за освојување на власта секој нареден ден до изборите поприма сѐ подраматични димензии на сите фронтови. Ако во текот на изминатите три децении независност на сите избори бевме жртви и сведоци на меѓуетнички конфликтни пропаганди полни со омраза кои не завршија со крајот на ерата на „груевизмот“ и со насилниот обид за државен удар во 2017 година и повеќегодишните затворските пресуди, овојпат во третата декада на 21 век како членка на НАТО и земја во преговори за членство во ЕУ се враќаме назад, бидејќи најлесно се распалува жарта на меѓуетничките односи која милитантните националисти постојано ја одржуваат и кога е покриена со пепел, пишува меѓудругото Ризаов.

Најнови чудовишни партиски комбинаторики, подвлекува тој, ја бришат најзначајната тема која треба да биде пресудна на претстојните избори, а тоа е натпреварот во довербата на јавноста кој побрзо ќе ги спроведе реформите кои се предуслов за членство во ЕУ.

– Дали се тоа тие што ги склучија договорите за добрососедство со Грција и со Бугарија, што го обезбедија членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, или тие кои овие договори ги нарекоа предавство на државните и национални интереси и што ветија нивно поништување, па потоа се откажаа од таа намера за сега да ветуваат нивно подобрување со нови преговори, подвлекува тој.

Споредено со претседателските избори од 5 мај 2019 година – на кои се натпреваруваа тројца кандидати: Стево Пендаровски од Коалицијата на СДСМ, поддржан и од ДУИ на Али Ахмети, Гордана Силјановска Давкова од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ и Блерим Река од коалицијата на Албанската опозициска Алијанса за Албанците и Алтернатива, на претседателските избори на 24 април ќе имаме пет кандидати во трката, но не е исклучено и шести да се појави.

Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори. Изборната кампања за претседателските избори започнува на 4 април, а завршува на 22 април. За парламентарните избори кампањата започнува на 18 април, а завршува на 6 мај.

Претстојните претседателски избори се седми на кои, од независноста, граѓаните гласаат за шеф на државата, позиција која досега ја извршуваа Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Дестан Јонузи Избори 2024 изборна кампања фронтлајн
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.