НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на ИЧП: Физичкото насилство помеѓу средношколци честа појава во автобусите од јавниот превоз

0
By Marija Todorovska on March 6, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Физичко насилство помеѓу средношколци, мотивирано на етничка основа, е честа појава во автобусите од јавниот превоз, покажува анкетата „Сајбер булинг во средините училишта во Република Северна Македонија“ што ја изработи Институтот за човекови права (ИЧП).

Како што информираше Мартин Сопронов од ИЧП, на денешниот настан по повод презентација на резултатите од анкетата, децата побарале овој проблем да се адресира.

– По завршување на часовите, додека се возат во автобус, тука им се случува многу често да бидат вознемирувани, и психички и физички, со ладно оружје. Да им доаѓаат групи, да ги ставаат рацете на камерите во автобусот  каде што се возат, еден ја држи камерата за да не се гледа што се случува и останатите деца после тоа напаѓаат еден, двајца, тројца. Ова физичко насилство се случува и помеѓу навивачките групи, односно членови на навивачки групи, кои што се средношколци. Тоа е нешто што треба да се адресира и децата побараа да се адресира, рече Сопронов.

Дополни дека лица од Министерството за внатрешни работи, во цивилна облека ќе бидат присутни во автобусите 2, 22, 57, 47, 41 и 51, што се обраќаат на релација до Бутел, Радишани, Ченто, Ѓорче Петров, Влае и Драчево, каде што најчесто се случува физичко насилство помеѓу средношколци.

Анкетата која беше спроведена во рамки на проектот „Борба против сајбер булинг врз девојчиња”, Финансиски поддржана од Канадската амбасада во Белград, има за цел да ја прикаже состојбата со врсничкото насилство во училиштата, дали учениците се жртви на врсничко насилство и дали знаат да препознаат булинг во училиштата во онлајн просторот. Била спроведена во 18 училишта од осумте плански региони низ државава со пополнување на прашалник од страна на 1.017 ученици од трета и четврта година. Одговорените прашалници и добиените одговори покажуваат дека учениците сакаат и чувствуваат потреба да разговараат на темата сајбер булинг.

врснничко насилство ЈСП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.