НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со изложбата на преку 400 маски во Прилеп започнаа карневалските свечености

0
By Marija Todorovska on March 15, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе од 400 маски на учениците од основните и средните училишта во Прилеп денеска се изложени на традиционалната изложба на маските во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“. Со тоа почнуваат карневалските свечености за годинашниов 22. прилепски карневал „Прочка 2024“.

-Со овие прекрасни креации на учениците, а годинава за првпат се придружија и децата од градинките, е вистинскиот начин да започнат тридневните карневалски свечености во Прилеп. Најмладите креативци во иднина ќе ја продолжат традицијата на маските и маскирањето, а со тоа и чувањето и негувањето на културното наследство. Се доделија 12 награди во повеќе категории и една Гран при награда, рече Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа во Прилеп.

Наградата Гран при ја понесе Матеј Тодоров од ОУ „Блаже Конески“ со маската која го претставува Прилеп, неговата мака со тутунот и гордоста.

Утре продолжуваат карневалските свечености. Заштитната маска „Прилепски мечкари“ ги канат касапите на заедничкиот посен ручек в понеделник. На платото пред Градскиот саат ќе се презентираатобичаите за прочка и „Амкањето“ во организација на здружението на жени „Преродба“. В недела напладне во центарот на Прилеп се централните карневалски свечености со дефилето на маските. Дефилето, традиционално го предводи заштитната карневалска маска „Прилепски мечкари“. Пријавени се над 20 групни маски со околу 500 учесници, а се поканети и гости од сите градови во земјава. Жири комисија ќе ги одбере најдобрите и најуспешни маски на годинашниов карневал „Прочка 2024“ во Прилеп

Карневал маски Прилеп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.