Британија првпат по воздушен пат испорача храна во Газа, а Министерството за одбрана го повика Израел да дозволи поголема помош да влезе во регионот погоден од војна. Кралските воздухопловни сили исфрлија повеќе од 10 тони хуманитарна помош, вклучувајќи вода, ориз, масло, брашно, лименки и храна за бебиња на цивилите во Газа.
Авион на бриранскотовоздухопловство РАФ кој полета од Аман испорача резерви храна и санитетскмиматеријал по должината на северниот дел на Појасот Газа. Акцијата е дел меѓународната хуманитарна мисија предводена од Јордан.
Целта на падобранската достава е да ги искористи сите можни патишта за да испорача спасувачка помош на секаков можен начин. Но независно од оваа кација ние продолжуваме да го повикуваме Израел да обезбеди пристап до пристаништето и да отвори повеќе копнени премини за да ја зголеми испораката на помош во Газа“, соопшти британското Министерство за одбрана.
На барање на Јордан и Бахреин, Велика Британија обезбеди околу 600 падобрани за хуманитарната мисија за населението воГаза.