Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

0
By Marija Todorovska on April 3, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 3, 2024 09:15

Во блиц формат НОВА ги претставува кандидатите за претседател на Република Северна Македонија на изборите 2024.

На листата пријавени и утврдени кандидатки и кандидати во Државната изборна комисија, а според редоследот со жрепка извлечен во ДИК, во седум последователни дневни продолжувања НОВА ги презентира: 

  1. Стево Пендаровски;
  2. Гордана Силјановска Давкова;
  3. Стевчо Јакимовски;
  4. Бујар Османи;
  5. Билјана Ванковска Цветковска;
  6. Арбен Таравари;
  7. Максим Димитриевски

Република Северна Македонија – Претседателски избори 2024

5.Билјана Ванковска

Независна но претседателска кандидатка на политичката партија Левица. Главната политичка матрица на Билјана Ванковска е идентична со идеолошката подлошка на партијата што ја номинира за претседателски кандидат: Не за НАТО, не за ЕУ „под овие околности“, а при тоа посочува на т.н. „француска рамка“.

На годинешниве претседателски избори Ванковска е една од двете кандидатки жени. Ова е нејзина прва официјална и прифатена кандидатура за прв човек на државата со поддршка на организирана политичка опција. Пред десет години Ванковска не успеа да собере потписи како независен претседателски кандидат. 

Ванковска низ годините често ги детерминира своите ставови како „миротворни“ и антимилитантни, спротиставувајќи се на т.н. западен империјализам, за кој вели дека е генериран од НАТО. Главна реторика во нејзините политички  излагања е да ги негира актуелните постапки и преземени чекор на македонскиот пат во ЕУ, а најавите за овие избори и се сведуваат на определбата да ги раскине договорите со Грција и со Бугарија, првиот, Преспанскиот што на земјава и овозможи НАТО членство и вториот со Бугарија кој е услов за почеток на ЕУ преговорите. Притоа не изнесува дециден став за тоа во која насока, како претседателка, би ја водела државата, бидејќи според неа, Европската унија не е добар правец, но не ја исклучува можноста да продолжиме во таа насока.

Билјана Ванковска е родена во Скопје во 1959 година. Таа е доктор на политички науки, редовна професорка и раководителка на последипломските студии по Мир и развој на Филозофскиот факултет во Скопје. Активна во невладиниот сектор и е јавен заговарач РЕКОМ – Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства на територијата на бивша Југославија од 1991–2001. Има објавено повеќе книги и 100-тина научни статии и поглавја на повеќе странски јазици. Се јавува и како колумнист и соговорник на медиумите во Македонија и надвор од неа.

ОБРАЗОВАНИЕ

Основното и гимназиското образование ги завршила во Скопје како првенец на генерацијата. Правниот факултет во Скопје го завршила во април 1982, а веќе во 1987 и магистрирала. Докторирала во 1992 година исто така на Правниот факултет на тема за улогата на војската во политиката. 

ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ

Кариера ја почнала како судиски приправник во Општинскиот суд Скопје 1, за подоцна, во 1983 година да се вработи како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. 

Во 1993 година била избрана за доцент, пет години подоцна за вонреден професор, а потоа и двапати во 2003 и 2008 година за редовен професор. Член е на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Ванковска има објавено преку стотина книги, поглавја и научни статии, најголем број од нив во странство и на англиски јазик. Таа е член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни списанија (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris), а ведно таа била и прв уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Таа е мајка на три деца. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.