Тајпеј – Хуалиен: Тајван го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, најсилен во последните 25 години. Засега се јавува за неколку урнати згради, повредени и за четворица загинати. Се јавува и за заробени во урнатините.
Државната сеизмолошка служба соопштува дека земјотресот се случил во 7 часот и 58 часот по локално време со епицентар на длабочина од 15 ипол километри од јужниот брег на Тајван.
Има прекин на струјата и во главниот град на Тајван, Тајпеј. На интернет се шират видео снимки од згради како се нишаат во густо населениот источен град Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот.