Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

0
By Zoran Ivanov on June 25, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
Screenshot
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2026 08:22

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни земјотреси во краток временски интервал го погодија главниот град Каракас и поширокиот регион, оставајќи зад себе десетици загинати, стотици повредени и големи материјални штети.

Двата силни земјотреси го потресоа Каракас во рок од само една минута – првиот со магнитуда од 7,2 степени, а вториот со магнитуда од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

Спасувачките екипи интензивно ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани, додека вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба и изрази сочувство до семејствата на настраданите.

Според првичните информации, најмалку 32 лица загинале, а околу 700 се повредени, но властите предупредуваат дека бројот на жртви најверојатно ќе расте. Американскиот геолошки завод претходно процени дека постои 44 отсто веројатност бројот на загинати да надмине 10.000 лица и 30 отсто веројатност да има повеќе од 100.000 жртви.

Во главниот град сè уште се слушаат повици за помош од под урнатините, додека голем број згради останаа без електрична енергија, а метро-сообраќајот е целосно запрен. Потресите, кои биле почувствувани и во Богота, Колумбија, погодиле област западно од Каракас во време кога голем број граѓани биле во своите домови поради национален празник.

Соединетите Американски Држави најавија испраќање спасувачки тимови, медицинска и хуманитарна помош. Заменик-државниот секретар за странска помош Џереми Левин изјави дека Стејт департментот веќе работи со партнерите во Венецуела за координација на помошта.

Поддршка и солидарност пристигнаа и од повеќе земји од Латинска Америка. Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, најави испраќање 300 спасувачи и 50 тони опрема и материјали за помош. Помош понудија и Еквадор, Бразил и Мексико.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД се подготвени за брза реакција и дека веќе им дал инструкции на надлежните агенции да се подготват за дејствување.

Венецуела се наоѓа во сеизмички активна област каде што се судираат Карипската и Јужноамериканската тектонска плоча. Според Геолошкиот завод на САД, посилниот од двата земјотреси бил предизвикан од плитко хоризонтално движење на расед во близина на границата меѓу двете плочи. објави Скопје1.мк

Венецуела земјотрес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.