Судијата на Врховниот суд на Бразил, Александре де Мораеш, отвори истрага против Илон Маск за попречување на правдата во врска со социјалната мрежа „Икс“.
Мораеш во својата одлука рече дека „Икс ќе се воздржи од непочитување на која било веќе издадена судска наредба, вклучително и повторно активирање на профилот блокиран од Врховниот суд“. Доколку „Икс“ не ја исполни наредбата за блокирање одредени сметки, компанијата ќе биде казнета со 100 илјади реали или околу 18.200 дневно, рече судијата, пренесуваат бразилски медиуми.
Ниту Маск, ниту бразилските власти не открија кои сметки на социјалните мрежи се блокирани. „Икс“ прво ја објави наредбата за блокирање во саботата, но не беше веднаш јасно кога е издадена наредбата.