НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжува штрајкот на приватните специјализанти, за нив е неприфатлива владината одлука прашањето да се решава по изборите

0
By Marija Todorovska on April 17, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжи штрајкот на лекари приватни специјализанти, откако Владата на вчерашната седница донесе одлука статусот на приватните специјализанти да се решава по изборите со предлог-законски решенија кои ќе ги предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Тие на денешниот протест добија поддршка и од професорката Љубинка Дамјановска Крстиќ од Медицинскиот факултет.

Даниел Трајков, специјализант, рече дека со одлуката на Владата за одбивање на подобрување на нивниот статус, е потврден фактот дека за нив, место во ова општество нема. Тој вели дека од Mинистерството за здраво, ДКСК, иако постојано барале, сѐ уште немале добиено одговор по кој основ подобрување на нивниот статус сега е неможен.

Трајков подвлече дека токму нивната неутралност и директното спротивставување на „понудите“ да се приклучат на некакви „табори“ за да си го заслужат работното место, бил мотивот да запишат приватна специјализација.

– Ова што сме овде денес е бегајќи од неправдите. Но, за жал бегајќи од провинција каде владеат поединци моќници, главниот град и универзитетската клиника испаднаа многу поголема провинција во културна смисла на зборот. Дали вам толку ви е замаглен погледот од партиските констелации во оваа држава што и малкуте граѓани – интелектуалци кои останавме, не ги гледате и не им давате до значење? Престанете да калкулирате гледајќи одозгора и сметајќи дека сите овде сме со некаква агенда, порача тој.

 

На новинарско прашање дали има какви било притисоци од колеги државни специјализанти или од специјалисти, тој одговори дека лично не бил сведок на каков било извршен притисок, но, колеги кажувале дека имало директни или индиректни притисоци. Исто така, имале информација дека колеги државни специјализанти прашале зошто приватните специјализанти не се пријавиле за дежурство,  велејќи дека биле повеќе оптоварени отколку во нормални услови.

Тој вели дека нема да се откажат, оти штрајкот ќе продолжи, а дополнително ќе известат на кој начин.

Трајков е втора година на специјализација. Рече дека посакува да остане тука, но, не знае што ќе се случи.

Професорката Љубинка Дамјановска Крстиќ, од Клиниката за ревматологија, им даде поддршка и рече дека тие секојдневно се во амбулантите, операционите сали и ноќните дежурства. Без, како што нагласи, за тоа да бидат адекватно вреднувани и да се чувствуваат како навистина почитувани.

 

– Тие се навистина многу добри, вредни, работат и пишуваат во списанија, учествуваат на меѓународни конгреси. Ова го зборувам од свое лично искуство, јас исто така пред 30 години бев приватен специјализант. Знам дека се работи за една голема голгота. Не само што страда лекарот приватен специјализант, страда и неговото семејство, блиските. Родителите се во вечни долгови. Лекарите се должни  да дадат максимум за луѓето и професијата, но и ним треба да им се овозможат услови за да ја обавуваат професијата, рече таа, апелирајќи за поголема поддршка за колегите, замолувајќи ги институциите под итно да се разреши ситуацијата.

На новинарско прашање, таа одговори дека многу ја загрижува фактот кој ќе ги наследи лекарите во македонското здравство, ако младите, незадоволни, си заминат од државата.

– Пред некое време изгубив специјализантка која 13 години ја едуцирав да биде ревматолог. Пред тоа уште една, која е во Германија и навистина проблемот е многу горлив. Во моментов немам асистент и помлад асистент, а навистина треба, истакна таа.

приватни специјализанти штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.