Песната и спотот со наслов „Империја“, со кои Македонија ќе се претстави на годинашново издание на Евровизија предизвикаа лавина негативни коментари на социјалните мрежи.
Дали се работи за политичко сценарио да се прикажат новите градби од Скопје 2014 или само за лошо изработен проект за евровизиско претставување, дебатираат Офелија Димковска од „Фокус“ и Соња Алексовска Неделковска од „Дневник“.