НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ТВ 21 – Дебата Клик плус: Пендаровски и Силјановска Давкова се оградија од повиците за бојкот и повикаа на излезност

0
By Zoran Ivanov on May 1, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата кандидати за претседател Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова се на ставот дека граѓаните треба да излезат на гласање на 8 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателскиите избори. И двајцата вечерва се оградија од повиците за бојкот.

На вечерашната дебата на „Клик плус“ на телевизија 21, Силјановска-Давкова рече дека е антиевропски чекор доколку не се случи потребната излезност од 40 проценти во вториот круг од претседателските избори, а Пендаровски рече дека мора да се почитува Уставот, иако смета дека не би требало да има долен праг.

Доколку не се случи излезноста од 40 проценти, тоа ќе биде уште еден антиевропски чекор, бидејќи Венецијанската комисија и ОБСЕ/ОДИХР по најмалку четири мислења велат дека е тотално нелогично во вториот изборен круг да имате цензус од 40 отсто оти кога одат двајца, еден треба да биде избран со релативно мнозинство, посочи Силјановска Давкова.

Таа додава дека пораките за бојкот воопшто не се во духот на парламентарната демократија.

Некои пораки што ги слушаме за бојкот, воопшто не се во духот на парламентарната демократија, туку се наспроти парламентарната демократија, бидејќи јасно е дека овие 40 проценти туркаат во политички пазар, во уцени, во спогодби, а ние кандидатите бараме граѓаните да кажат дали сме за претседател подобни и соодветни, појаснува Силјановска Давкова.

Според Пендаровски, не станува збор дали некој кандидат бара или не бара бојкот, туку за уставна одредба што мора да се почитува, а во која се вели дека 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да има валиден претседател.

Овде станува збор за, за жал, уставна одредба која мора да се почитува, а која вели 40 проценти од гласачкото тело мора да излезе за да имаме валиден претседател. Јас сум да менуваме Устав и да немаме долен праг, затоа што кој сака да гласа има право да гласа, тоа никому не му е оневозможено, посочи Пендаровски.

Повиците за бојкот, вели, доаѓаат од политичката структура која ја поддржува Силјановска Давкова. Според Пендаровски, треба да се избере претседател на 8 мај бидејќи во спротивно би влегле во политичка криза и неизвесност.

Од моја страна ниту некогаш било кажано, ниту некогаш помислено, гласачите кои ме поддржуваат да бидат наведувани на така наречен израз на ВМРО-ДПМНЕ – тивок бојкот. На секоја средба со граѓаните, на секој митинг јас велам „Излегувајте и гласајте. Македонија треба да има претседател на 8 мај, затоа што се друго освен тоа е влез во политичка криза, во неизвесност и тоа не ни е потребно. Јас сум првиот кој вели не за бојкот и ургирам сите, и оние кои ме гласаат и оние кои нема да ме гласаат да излезат и да го искористат своето демократско право, додава Пендаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Трамп – Путин: Светските медиуми оценуваат – ништо од договор

ВОЈНА ВО УКРАИНА August 16, 2025

СиЕнЕн:  „Ќе разговараме со вас многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно многу наскоро“,…

Белата куќа: Трамп ги информираше Зеленски и лидерите на НАТО за состанокот во Алјаска

August 16, 2025

Белград: Воени сцени во центарот на градот

August 16, 2025

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.