Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

0
By Zoran Ivanov on August 14, 2025 СВЕТ, ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 14, 2025 20:31

Брисел: Европската унија остро го осудува секој чин на насилство, вклучително и заканите кон новинарите, и повикува на прекин на секоја ескалација на тензиите, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, Гијом Мерсие, како реакција на настаните за време на синоќешните протести во Србија.
Наведувајќи дека ЕУ „многу внимателно“ ја следи ситуацијата, Мерсие нагласи дека „правата на мирни демонстрации и слободата на собирање мора да се почитуваат и дека властите мора да ги заштитат учесниците на собирите од штета или насилство“.

Потсетувајќи на важноста на слободата на медиумите и слободата на изразување, ЕУ изјави дека „независните медиуми мора да бидат способни да ја извршуваат својата улога како контролори со цел да се зголеми транспарентноста и одговорноста на јавните личности и институциите“.

Мерсие истакна дека ЕУ внимателно ќе ги следи сите тие прашања во контекст на преговорите со Србија за членство во ЕУ.

Фундаменталните права и вредности се во сржта на нашиот заеднички европски проект и мора да се почитуваат, рече Мерсие.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, оцени дека извештаите за насилство на протестите во Србија се многу загрижувачки.
Извештаите за насилство за време на неодамнешните протести во Србија се многу загрижувачки. Напредокот на патот кон ЕУ бара граѓаните слободно да ги изразуваат своите ставови и новинарите да можат да известуваат без заплашување или напад, објави Марта Кос на социјалната мрежа X.

 

ЕУ насилство осуда Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.