Како што вчера објави НОВА еврокомесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе денеска во Скопје доаѓа подготвен да соопшти дека Македонија ќе ја загуби препораката за почеток на преговори доколку не биде изнајдено решение за актулената политичка криза.
Комесарот Филе е придружуван од специјалниот известувач Ричард Ховит и од членот на Комитет за наворешни работи, Јержи Бузек.
Европската тројка утрово веќе оствари средба со премиерот Груевски во Владата, а потоа во делегацијата на ЕУ во Скопје се среќава со лидерите на СДСМ и ДУИ, Бранко Црвенковски и Али Ахмети.
Брисел најави Филе ќе изврши подеднаков притисок на двете страни инволвирани во проблемот.
Од владеачката ВМРО ДПМНЕ се бара јасно да превземе одговорност за инцидентите од 24 декември додека пак врз СДСМ ќе се врши притисок да се откаже од бојкотот на изборите.
Штефан Филе денеска во 13 часот пред новинарите ќе го соопшти исходот од денешните средби со власта и опозицијата.