НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

0
By Zoran Ivanov on May 20, 2024 ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со серија културни настани кои ќе се одржат во шест градови во државата од денеска до почетокот на јуни, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во соработка со Интерарт културниот центар, ќе ја подигаат свеста за родовата еднаквост. Овие настани се дел од проектот „Простор за разговор“ поддржан од Германија преку Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамки на регионалниот проект за социјално вклучување на ранливи групи во Западен Балкан.

Целта на настанот е преку уметност, танц, театар и филм сплотени во еден перформанс, изведен од танчерите на Скопје танцовиот театар да го зајакнеме чувството на припадност кон заедницата, да ги искорениме стереотипите и да ги зајакнеме младите,маргинализираните и социјално ранливите лица.

Настанот „Простор за разговор“ се состои од краток филм и танцов перформанс, кои претставуваат уметничка рефлексија на темата. Поканети се социолози, активисти и психолози, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост. Преку активна вклученост на публиката и интеракција со неа очекуваме да се доловат лични искуства, вистински приказни на лица од нашето опкружување и соочувањето со родовата нееднаквост која постои.

Истовремено, преку дискусиите за време на настаните градиме силни заедници кои ја разбираат важноста на почитувањето на правото на еднаквост како главен предуслов за мир и развој во средината во која живееме. Сите сакаме здраво, хумано и грижливо општество во кое младите се информирани, слушнати и поддржани преку разбирање и прифаќање на родовата еднаквост која е основа за слободен израз и остварувањето на сечиј потенцијал, велат организаторите.

Настаните ќе се одржат во повеќе градови во периодот од 20. мај до 4. јуни годинава. Првиот перформанс ќе се случува на сцената во Домот на културата во Куманово денеска, во 12 часот. Следниот ден на 21 мај, во 12 часот во Штип на сцената на Мултимедијалниот центар на УГД, на 22 мај во 12 часот, во Велес, на малата сцена Народен театар „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“, а на 23 мај во 12 часот во Битола на новата сцена на Народниот театар и Дом на култура. Настанот „Простор за разговор продолжува на 3 јуни во 20 часот во Охрид во Младинскиот центар и на 4 јуни во 12 часот во Струга на сцената на Домот за култура.

 

културна сцена родова еднаквостѕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.