Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предвремени избори во општините Гостивар, Аеродром и Сарај, или измени во законот за локална самоуправа?

0
By Marija Todorovska on May 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 30, 2024 11:19

Според актуелниот Закон за локална самоуправа во општините Сарај и Гостивар, треба да се одржат предвремени парламентарни избори, додека во случај градоначалникот на Oпштина Аеродром, Тимчо Муцунски, да премине во извршната власт, тогаш и во оваа општина мора да се одржат предвремени локални избори.

Според Изборниот законик, функцијата пратеник и министер е во конфликт со функцијата градоначалник на општината.

Закон за локална самоуправа

Согласно законот за локална самоуправа, доколку има повеќе од шест месеци до редовните локални избори, кои се очекува да се одржат во октомври 2025 година, тогаш се организираат предвремени избори за градоначалник, а постојниот општински совет продолжува да функционира до одржувањето на редовните локални избори.

– Претседателот на Советот на општината мора во рок од 15 дена да го информира министерот за локална самоуправа за фактичката состојба во општината по преземањето на градоначалникот на друга функција која е во спротивност со функцијата на градоначалникот, а потоа министерството ja информира Владата за понатамошните чекори. Владата ја констатира состојбата и според законот – или назначува вршител на должноста градоначалник или ја известува Државната изборна комисија за организирање на предвремени избори. Според законот, доколку има повеќе од шест месеци до одржувањето на редовните локални избори, тогаш се организираат предвремени локални избори, објасни за „Фронтлајн“, Адмир Шабани – портпарол на ДИК.

На градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети му е верифициран пратеничкиот мандат, а тој самиот најави дека ќе ја напушти функцијата прв човек на општината, продолжувајќи го политичкото патување како пратеник, со што Сарај ќе треба да избере нов градоначалник. Од друга страна, името на градоначалникот на Гостивар – Арбен Таравари се „шушка“ како следен министер за здравство, а доколку тој се согласи да биде министер, треба да се одржат и предвремени локални избори и во оваа општина.

Како дел од кабинетот на идниот премиер Христијан Мицкоски, во политичката кругови се споменува и името на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. Ако стане министер, и Аеродром останува без градоначалник. За пратеник во новиот пратенички состав е избран и градоначалникот на општина Тетово – Билал Касами, но тој се откажа од пратеничкиот мандат.

„Фронтлајн“ од доброупатени извори од партиите на новото парламентарно мнозинство дознава дека новата Влада ќе предложи измени на Законот за локална самоуправа во делот каде што е наведено дека доколку има повеќе од шест месеци, што во конкретниот случај е повеќе, додека не се одржат редовни локални избори треба да се одржат предвремени избори наместо да се именува в.д. градоначалник.

Доколку се направи оваа промена тогаш во овие три општини нема да има предвремени локални избори, туку ќе се чекаат регуларните, додека општините ќе ги водат вршители на должност градоначалници кои ќе ги определи Владата.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

закон за локална самоуправа предвремени избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.