НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крвава хроника: 365 дена војна во Газа – неизмерно страдање и смрт на цивилите

0
By Zoran Ivanov on October 8, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Палестинската милитантна група Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, ја започна офанзивата „Поплава Ал-Акса“ – именувана по џамијата Ал-Акса во Ерусалим, третото најсвето место во исламот. Групата, која Израел, САД и ЕУ ја класифицираат како терористичка организација, истрела околу 5.000 ракети кон јужен Израел и испраќа десетици вооружени командоси преку безбедносната ограда на Газа кои киднапираат, мачат и убиваат без разлика на возраста или полот.

Дехран Муратов

Една година крв, солзи, болка, разурнати домови, уништени детски соништа, уништена инфраструктура, разурнати училишта, градинки и болници со илјадници мртви цивили, жени, деца, бебиња… Млади луѓе наместо да се забавуваат и да уживаат во животот, се убиени, масакрирани, киднапирани, силувани, малтретирани, држени како заложници и затворени во некои темни и мрачни подруми и кафези… Една година по нападите на 7 октомври (2023), војната продолжува да беснее меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. И покрај напорите да се постигне дипломатско решение за мир, борбите сега се проширија и во Либан.

Пред точно една година започна страшниот судир кој беснее на Блискиот Исток и се заканува да стане огромен регионален воен судир. На 7 октомври, Хамас и другите вооружени палестински групи започнаа напад без преседан врз Израел од Појасот Газа, што доведе до најмалку 1.189 смртни случаи и киднапирање на 251 лице, вклучително и 44 лица од музичкиот фестивал Нова транс и најмалку 74 од Кибуцoт Реим.

Израел одговори со разорна воена офанзива во Појасот Газа, во која загинаа најмалку 41.802 лица, според Министерството за здравство во енклавата под раководство на Хамас. Сега, војната се прелеа во соседен Либан, при што израелските трупи се заглавени во судири со борците на Хезболах.

ЦИВИЛ Медиа се осврнува на клучните 12 датуми на овој конфликт.

7 октомври 2023 година

Палестинската милитантна група Хамас, која го контролира Појасот Газа од 2007 година, ја започна офанзивата „Поплава Ал-Акса“ – именувана по џамијата Ал-Акса во Ерусалим, третото најсвето место во исламот. Групата, која Израел, САД и ЕУ ја класифицираат како терористичка организација, истрела околу 5.000 ракети кон јужен Израел и испраќа десетици вооружени командоси преку безбедносната ограда на Газа кои киднапираат, мачат и убиваат без разлика на возраста или полот. Според израелските податоци, загинале 1.189 луѓе. Други 251 се земени како заложници од кибуцимските заедници кои се граничат со Појасот, како и од музичкиот фестивал Племето на Нова транс.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавува дека земјата е во војна.

8 октомври 2023 година

Израел ја започна „Операцијата Железни мечеви“, изведувајќи интензивни бомбардирања низ Појасот Газа. За само 48 часа се мобилизирани речиси 300.000 резервисти.

17 октомври 2023 година

Силна експлозија ја погоди болницата Ал-Ахли во градот Газа. Министерството за здравство во Газа соопшти дека билансот на загинатите е 471 лице и стотици повредени. Хамас и неговиот сојузник Исламски џихад го обвинија Израел дека стои зад смртоносниот напад, што Израел го негира. Голем број меѓународни медиуми сугерираат дека нападот може да биде резултат на погрешно испукана ракета од Газа.

21 октомври 2023 година

На првите камиони со хуманитарна помош им е дозволено да поминат низ преминот Рафах меѓу Египет и Газа за да ги пренесат итно потребните гориво, храна и лекови за Палестинците.

15 ноември 2023 година

Израел ја опсадува болницата Ал-Шифа, најголемата во Газа, обвинувајќи го Хамас дека го користи комплексот како воено командно место. Целата болница, во која се засолнуваат стотици Палестинци кои избегаа од борбите, израелските сили целосно ја евакуираат три дена подоцна. И други болници ќе бидат цел на израелската војска во неделите и месеците што доаѓаат.

24 ноември – 1 декември 2023 година

Прогласено е првото примирје меѓу Израел и Хамас. Привремената пауза во борбите овозможува ослободување на 105 израелски, двојни државјани и странски заложници – главно жени и деца – во замена за ослободување на 240 палестински затвореници кои се чуваат во израелските затвори. Дозволена е хуманитарна помош да стигне и до Појасот Газа. По седум дена примирје, секоја страна ја обвинува другата за прекршување на договорот.

26 јануари 2024 година

Меѓународниот суд на правдата, одговарајќи на случајот поднесен пред него од Јужна Африка му наредува на Израел да ги преземе сите можни мерки за да ги спречи геноцидните акти во Газа. Истиот ден, агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA) отпушти неколку вработени обвинети од Израел дека биле вмешани во нападите на 7 октомври. По водството на САД, голем број земји донатори го прекинаа своето финансирање на агенцијата. Сите освен САД подоцна ќе продолжат со нивното финансирање.

25 март 2024 година

Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се бара итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. САД, кои досега го користеа правото на вето во неколку наврати за да блокираат слични резолуции, беа воздржани.

13 април 2024 година

Техеран се одмазди за нападот врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, со истрелување на повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел – првпат Исламската Република да изврши директен напад на израелска територија. Повеќето од ракетите се соборени со помош на САД и другите сојузници во регионот, откако претходно им беше дадено известување за претстојниот напад од иранската влада.

5 мај 2024 година

Владата на Бенјамин Нетанјаху ги затвори канцелариите на катарскиот канал „Ал Џезира“ во Израел.

17-18 септември 2024 година

Во текот на два дена, илјадници пејџери и воки-токи за кои се верува дека им припаѓаат на членовите на Хезболах експлодираа во Либан и Сирија, при што загинаа десетици луѓе – меѓу кои и повеќе деца – и беа повредени илјадници други.

1 Октомври 2024

Иран изврши ракетен напад врз Израел, откако израелските трупи го нападнаа Либан, во она што израелската војска го нарекува „ограничена, локализирана и насочена копнена операција против Хезболах“.

Ликвидирани лидери на Хамас и Хезболах

На 2 јануари 2024 година е убиен Салех ал-Ароури, број два во политичкото биро на Хамас, во израелски напад врз јужните предградија на Бејрут во Либан.

На 1 април 2024 година вовоздушен напад кој нашироко му се припишува на Израел го погоди иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија, при што загинаа седум членови на Револуционерната гарда, меѓу убиените е генерал Мохамад Реза Захеди, командант на силите Ал Кудс во Сирија и Либан.

На 13 јули 2024 година е убиен Мохамед Деиф, шефот на вооруженото крило на Хамас, бригадите Езедин ал-Касам, во израелски воздушен напад во близина на Кан Јунис, кого Израел го сметаше за организатор на нападите на 7 октомври.

На 30 јули 2024 година, е убиен Фуад Шукр е убиен во израелски воздушен напад во јужните предградија на Бејрут, главно контролирани од шиитската група Хезболах.

На 31 јули 2024 година, е убиен Исмаил Ханије, шефот на политичкото биро на Хамас, во експлозија во Техеран откако присуствуваше на полагањето заклетва на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Се смета дека бомбардирањето го извршил Израел, кој ниту потврдува ниту негира вмешаност.

На 28 септември 2024 година, Израел изврши напад без преседан на јужните предградија на Бејрут, при што го ликвидира лидерот на Хесболак, Хасан Насрала. 

Осуди и поддршка од Македонија

на 19 октомври 2023 година, ЦИВИЛ беше една од првите организации кои повикаа на итен прекин на огнот во Појасот Газа, деблокада на хуманитарната помош и одговорност за воените злосторства против цивилното население на двете страни.

„Хамас е одговорен за воени злосторства и киднапирање, со што целосно се разобличи секакво тврдење дека се бори за права и правда, туку дека е брутална терористичка организација и ништо повеќе.

Истовремено, ЦИВИЛ упатува најостра осуда и протест до израелската влада која е одговорна за неселективното бомбардирање и убивање цивили, уништување на критичната цивилна инфраструктура, егзодусот на 1,1 милион луѓе што го нареди под закана со оган, како и за целосната блокада на снабдувањето на два милиони луѓе со храна, гориво, електрична енергија, вода и лекови.

Со ова, станува очигледно дека Израел не води војна само против Хамас, туку против палестинското население во целост. Тоа е неприфатлива политика и заслужува крајна осуда и протест“, пишува во соопштението на организацијата.

Тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи во своја објава на Х ги осуди нападите на Хамас врз Израел.

„Силно ги осудувам насилните напади на групата Хамас врз Израел. Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, истакна поранешниот министер за надворешни работи, Османи.

На 17 ноември 2023 година, дванаесет невладини организации обединети во „Платформата за поддршка на Палестина“ организираа марш во Скопје под мотото: „Престанок на огнот, веднаш!“.

Крвта на недолжните цивили продолжува да се лее, додека светот се обидува да (не) најде решение за овој ужасен конфликт. Крвта од Газа се прелеа и во Либан. А, во меѓувреме, Иран си ги тестира ракетите, а светот е во исчекување на одговорот на Израел.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.