НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓу петте мировни планови за Украина нема ни прифатлив ни спроведлив

0
By Zoran Ivanov on October 20, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште во јуни 2023 година лидери на седум африкански земји – Јужна Африка, Египет, Сенегал, Демократска Република Конго, Коморите, Замбија и Уганда – одвоено се сретнаа со Зеленски и со Путин, претставувајќи им своја мировна иницијатива со десет точки. Главните предлози се да се почитува суверенитетот и на Русија и на Украина, да продолжи непречено извозот на жита од двете земји, да биде прогласен прекин на огнот заради преговори, да се ослободат сите воени заробеници и да се овозможи доставување хуманитарна помош.

Митко Билјаноски / Слободен печат.мк

На фротнот во Украина се вкопуваат преговарачките позиции – Фотографија ЕПА

Планот за победа на Зеленски е оценет како список на желби, но еднакво неспроведливи се и другите иницијативи за крај на војната, не само таа од рускиот претседател Владимир Путин, туку и од Индија, заедничкиот на Кина и Бразил, како и од Африка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упорно го промовира својот План за победа во војната, но сѐ уште не добил поддршка од западните сојузници, па дури ни на домашната сцена и јавноста.

Но, еднакво неспроведливи се и другите иницијативи за крај на војната, не само таа од рускиот претседател Владимир Путин, туку и другите три – од Индија, заедничкиот на Кина и Бразил, и од Африка.

Одбранбени експерти и политички аналитичари забележуваат дека од планот на Зеленски не случајно е изоставен изразот „мир“, затоа што документот повеќе прилега на список на желби на украинскиот претседател адресирани до украинските сојузници отколку на остварлив план за крај на војната.

Главната поента е што иницијативата е апсолутно неприфатлива за Москва, која со прифаќање на украинскиот „План за победа“ всушност би признала „план за сопствен пораз“, а тоа ни од далеку не е одраз на актуелната ситуација на фронтот и на окупираните територии. Кремљ го нарече предлогот на Зеленски „ескалација“, а не обид за смирување или крај на војната.

– Тој го турка НАТО во директен конфликт со нашата земја – коментираше претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Воздржани реакции

Самата содржината на планот налагаше Зеленски прво да го претстави својот план пред странските партнери, затоа што петте точки главно се насочени кон нив. Првата точка е Украина да добие покана за членство во НАТО, што е апсолутно неприфатливо за Москва. Дури и најголемите поддржувачи на Украина отворено кажуваат дека тоа е „тешко остварливо“ во блиска иднина. Новиот генерален секретар на Алијансата, Марк Руте, изјави дека Украина ќе стане членка на НАТО „кога ќе дојде време“.

Украина денес има статус на „партнер“ на НАТО, откако Алијансата договорно прескокна исполнување низа од процедуралните чекори што беа задолжителни за другите кандидати. НАТО, исто така, објави дека Украина е на „неповратен“ пат кон членство. Но, на самитот во Вашингтон во јули НАТО објави дека „ќе биде во позиција да ја продолжи поканата за прием на Украина во Алијансата кога сојузниците ќе се согласат и кога ќе бидат исполнети условите“.

Втората точка е уште помалку прифатлива за Москва – барањето западните земји да ѝ дозволат на Украина да ги користи нивните долгострелни проектили за напади длабоко во Русија. Сојузниците се поделени во врска со ова барање. Некои членки на НАТО го поддржуваат Киев, но САД и Обединетото Кралство сѐ уште „ја разгледуваат“ идејата да ѝ дозволат на Украина да ги користи нивните проектилски системи за напади врз Русија, главно поради страв од ескалација на војната наместо на приближување до крајот. Москва категорично објави дека дозволата за користење на овие оружја ќе го толкува како објавување војна од страна на НАТО.

Во третата точка од планот Зеленски бара „одржливо доставување напредно оружје“, што всушност е неговата главна мисија речиси откако почна војната. Неговата упорност постигна ефект. Западните сојузници долго време се воздржуваа и се колебаа, но во Украина веќе пристигнуваат тенкови, авиони и долгострелни проектили. За Киев и ова е недоволно и тврди дека доцнењето на оружјето значи „смртна пресуда“ за многу војници на фронтот.

Зеленски бара и засилување на присуството на НАТО во Украина заради одвраќање на евентуални нови руски агресии во иднина, помош за поствоена економска обнова и раст, но и распоредување на украински војници низ европските бази на Алијансата, на местото на американските.

Украинскиот претседател бара и засилување на безбедноста околу нуклеарната централа Запорожје, најголема во Европа, која сега е под окупација на руските сили, заштита на извозот на украински жита, ограничувачки мерки за увозот на енергија од Русија, безусловно ослободување на сите воени заробеници и на грабнатите украински деца од окупираните територии, воспоставување специјален суд за истрага на воени злосторства. Секако, Зеленски бара повлекување на сите руски војници од меѓународно признаената територија на Украина.

Рускиот план

Рускиот план, пак, има сосема спротивна основа и многу помалку точки. Главната е повлекување на сите украински војници од териториите што во време на окупација и наметната администрација прогласија независност и припојување кон Руската Федерација – не само на полуостровот Крим, анектиран уште во 2014 година, туку и на Доњецк, Луханск, Запорожје и Херсон. Второто барање од Кремљ е Украина да се откаже од членство во НАТО, како услов воопшто да почнат мировни преговори. Овие барања, секако, се апсолутно неприфатливи за Киев и исто така тешко спроведливи ако се има предвид ситуацијата на фронтот. Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател, ги нарече овие барања „навреда за здравиот разум“, а Зеленски ги опиша како „ултиматум“.

– И Адолф Хитлер го направи истото кога порача „дајте ми дел од Чехословачка и сѐ ќе заврши“ – изјави Зеленски.

Шефот на Пентагон Лојд Остин изјави дека Путин „не е во позиција да ѝ диктира на Украина што да направи“.

Африкански план

Во сенка на спротивставените барања на завојуваните страни се иницијативите на странските сили што се наметнуваат како мировни посредници.

Уште во јуни 2023 година лидери на седум африкански земји – Јужна Африка, Египет, Сенегал, Демократска Република Конго, Коморите, Замбија и Уганда – одвоено се сретнаа со Зеленски и со Путин, претставувајќи им своја мировна иницијатива со десет точки. Главните предлози се да се почитува суверенитетот и на Русија и на Украина, да продолжи непречено извозот на жита од двете земји, да биде прогласен прекин на огнот заради преговори, да се ослободат сите воени заробеници и да се овозможи доставување хуманитарна помош.

И Зеленски и Путин ја поздравија иницијативата, но коментираа дека планот нема да функционира. Зеленски притоа ги извести африканските лидери дека „преговори не се можни сѐ додека не се повлечат сите руски војници од Украина“.

Кинеско-бразилски предлог

Кина и Бразил ја претставија својата заедничка иницијатива на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, а рамката на планот ја претставија уште во мај годинава. Планот на „Пријателите за мир“ опфаќа Русија и Украина да не го прошируваат бојното поле, да не ги ескалираат судирите и да се воздржат од провокации. Тоа би овозможило подготовка на директен дијалог, што би резултирало со прекин на огнот. Потоа би се одржала меѓународна конференција, на која би учествувале високи функционери на двете завојувани страни. Во исто време во регионот би пристигнувала хуманитарна помош за најзагрозените. Бразил и Кина категорично бараат во војната да не се користи нуклеарно или какво било друго оружје за масовно уништување. Конечната точка е насочена кон светските сили, а е во согласност со амбициите на Бразилија и на Пекинг да се вклучат во глобалната елита.

– Треба да се спротивставиме на поделбата на светот во изолирани политички или економски групи. Наместо тоа, треба да биде поддржана меѓународна соработка за енергијата, валутите, финансиите, трговијата, храната и безбедноста – наведуваат Кина и Бразил.

Планот на Моди

Последен својот мировен план го претстави индискиот премиер Нарендра Моди, кој ги посети и Зеленски во Киев и Путин во Москва. Моди инсистира исходот од војната да не се решава на бојното поле.

– Во овој конфликт, не веруваме дека решението ќе биде изнајдено на бојното поле. Мислиме дека преговорите се единствениот пат напред. Во некој момент мора да има преговори – соопшти шефот на индиската дипломатија Субрахманјам Џаишанкар.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Познатиот шпански режисер Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025
ФОКУС

Голем воздушен напад врз Кијив – јавено за  најмалку 14 загинати

ВЕСТИ August 28, 2025

Русија истрела стотици дронови и ракети кон цели ширум Украина, уништувајќи станбени блокови и домови…

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

August 25, 2025

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.