НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кројач на нашата судбина

0
By Zoran Ivanov on October 22, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Море е е е! Зошо така зборуаш? Шо отишле напред? Учеле од нас. Се зеле од нас! Александар Македонски го освоил целио свет! Тој бил Македонец, ко нас! И учитело негов, Ристотел, бил Македонец. Тије зборуале македонски ко није шо зборуаме сеа. Македонскио јазик е најстар јазик во Европа! – продолжи да објаснува вториот.

Темелко Ристески

На автобуската станица кај „екорд“ пред мене, на вториот кат на автобусот, седна повозрасен човек.

Кај Соборна црква, на скалите, се појави, отприлика, негов врсник.

Првиот се израдува: „А, а, а!. И ти се возиш со овој автобус!“

Вториот седна на седиштето зад мене. Ми стана чудно зошто не седна до познаникот. По изгледот заклучив дека двајцата се пензионери кои претходна седеле заедно во парк.

– Каде живееш? – праша првиот.

– Овде, Во Скопје, – одговори вториот.

– Знам дека си од Скопје, но во која населба живееш? – беше упорен првиот.

– На периферија, – одговори вториот.

– И јас живеам на периферија, малку подалечна периферија, – кажа првиот.

– Велиш Мицко не ја сака Европската унија, а? – продолжи првиот.

Заклучив дека двајцата претходна се препирале и дека првиот „го пече јазикот“,да му објасни нешто на вториот.

– Шо мајка бараме во Европската унија? Таја ќе се распадни. Не глеаш? – прифати вториот.

– Ех ќе се распадне! Од каде знаеш? – праша првиот.

– Знам ја, – беше категоричен вториот. – Не ни треба Европа брат. Није можиме и без неја, – продолжи тој.

– Тешко ќе ни биде ако не влеземе во Унијата. Ќе останеме сами, изолирани. Албанија ќе влезе пред нас. И Србија ќе влезе. Оној Вучиќ е мудар, – објасни првиот.

Настана препирка околу мудроста и на балканските топ политичари.

– Ти си србоман! – како од топ истури вториот.

– Ти си бугарофил! – Му врати првиот.

– Не сум ја бугарофил. Ја сум Македонец, чист Македонец. Не ни треба Европа, брат, сфајча а а ш! Тије биле диви племина тогаш ко није сне имале држава, – почна да објаснува вториот.

– Биле, ама отишле напред, далеку пред нас, – категорично му реплицираше првиот.

– Море е е е! Зошо така зборуаш? Шо отишле напред? Учеле од нас. Се зеле од нас! Александар Македонски го освоил целио свет! Тој бил Македонец, ко нас! И учитело негов, Ристотел, бил Македонец. Тије зборуале македонски ко није шо зборуаме сеа. Македонскио јазик е најстар јазик во Европа! – продолжи да објаснува вториот.

– Ај , ај, пријателе! Зборуваш глупости. Јазикот на Александар не бил ист со сегашниов македонски јазик. Нашиов сегашен јазик е словенски. Словените дошле овде по Александар Македонски, – му возврати првиот.

– Словенски, несловенски во времe на Александар овде се зборуало македонски, ко није шо зборуваме сеа! – избувна вториот. Овде живејле лујџе ко нас, Словени! Одавде тије се рашириле на север, на исток, зад Карпатите и спрема Индија. Си слушнал дека таму негде Агванистан имало племе шо зборуало чист македонски јазик, ко нас! – нервозно продолжи тој.

– Не се вика Агванистан, туку Авганистан, – громко смеејќи се го поправи првиот.

– Вториот запалено продолжи. Агванистан, море е е !. Онаму кај шо се оније Тулипанине.

Првиот резигнирано се насмеа и го поправи: „Талибани, Талибанци, а не Тулипани. Малку знаеш брат. Читај, читај! Се има на интернет,“ – го посоветува.

– Ја немам интернет! Не ми треба! Ја знам се! Сум учел на чколо! Сум слушал шо кажуат учени лујџе! – На телевизоро слушам! – налутено му одбруси вториот.

Во тој момент автобусот успори, а потоа застана. Вториот стана од седиштето како катапултиран и се стрча низ скалите.

– Ај со здравје! – му викна првиот. Потоа се сврте кон мене.

– Е, е е. пријателе. Го слушаше ли?

Јас се насмевнав и климнав со главата.

– Е вакви ни ја кројат судбината на избори; судбината и иднината! – разочарано заклучи тој.

– Така е пријателе, – со тешка воздишка потврдив јас.

Од Фејзбукѕидот на авторот

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025

Единаесет лица загинаа и 130 се повредени во експлозија во фабрика во Русија

August 16, 2025

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025
ФОКУС

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

ВЕСТИ August 17, 2025

По повод 18. август, Денот на Армијата, вечер, од 19:00 часот во касарната „Илинден“ ќе…

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Трамп ѝ понудил на Украина гаранции моделирани според Член 5 од НАТО

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.