НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

80 години слободно Скопје

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

13 ноември 1944 година е ден кога Скопје беше ослободено од фашистичката окупација, благодарение на храброста и отпорот на Народноослободителната војска. Битката за Скопје беше дел од широка операција која резултираше со слободата на градот, кој претходно беше под германска и бугарска власт. Ослободувањето на Скопје на 13 ноември било важен чекор во конечниот пад на фашизмот во Југославија и во целиот регион.

Марија Тодоровска

Снежно ноемвриско утро, партизаните од 12-та, 3-та и 16-та бригада се спуштаат од Водно. Главните битки се водат на улица „Илинденска“ кај главната пошта, Офицерскиот дом и кај Старата железничка станица. Битките се водат без артилерија, со улични борби пешадија.

Германците ги имале минирано сите значајни објекти како што биле: зградата на Железничката станица, Кранговата палата, палата Бановина (зграда на Претседателството), дирекцијата на полицијата, Народната банка, домот на армијата, учителската школа и неколку други згради крај кејот на Вардар, вклучувајќи ги и сите мостови во градот.  Сите објекти во кои биле позиционирани германските сили биле опколени со бодликави жици, била поставена кружна одбрана и минирани пристапи до самите објекти.

Последната битка се води во Учителската школа, денешна општина Центар. Таму биле заробени 86 германски војници. Со нејзино ослободување кончено се прогласува цело Скопје за ослободено.

Победата над непријателот во Скопје е дочекана со солзи радосници и цвеќиња. Партизаните на коњипарадирале низ градот.Животот го загубиле 426 борци од кои 8 жени и 418 мажи. Животот го загубиле и цивили кои во текот на битките застанале и го бранеле Камениот мост.

13 Ноември Ослободување партизани Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.