НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови показатели за вода на Марс

0
By Marija Todorovska on November 13, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хонгконг:  Теоријата дека Марс, некогаш, до една третина од површината бил покриен со океан – е предмет на дебата меѓу научниците со десетлетија… Но, кинески ровер „Журонг“ сега пронашол нови показатели што укажуваат дека таа теорија е вистинита.

Водачот на истражувањето, Бо Ву од Политехничкиот универзитет во Хонгконг рече дека голем број геолошки својства на истражуванотото подрачје укажуваат дека тука постоел голем океан. Во 2021 година, кинескиот ровер слета на рамнина на северната полутопка на соседната „Црвена планета“ – во областа Утопија, каде што претходно имаше показатели за присуство на вода. Оттогаш, вселенскиот уред ја пребарува и испитува површината. Новите откритија се претставени во напис во списанието „Сајентифик рипортс“ (Scientific Reports).

До слични показатели дошле и претходните истражувања, особено во областите каде од височина биле забележани конусни возвишенија што личат на кратери. Тие најверојатно потекнуваат од водни и калливи вулкани што се обликуваат каде што имало вода или мраз.

Податоците собрани од роверот, како и сателитски снимки, споредби и анализи направени на Земјата – откриваат дека брегот на тој океан веројатно бил во Утопија.

Кинеските научници проценуваат дека океанот настанал пред 3,7 милијарди години, а потоа замрзнал и создал вдлабнатини, а исчезнал пред околу 3,4 милијарди години. Сепак, Бо истакнува дека неговиот тим „не тврди оти новите наоди се дефинитивен доказ“ дека на Марс имало океан. Тие би можеле да дадат такво тврдење, само со мисија која ќе ги донесе примероците од карпите на Марс на Земјата за да бидат анализирани.

Бенџамин Карденас од Универзитетот на Пенсилванија во САД, кој анализирал други податоци за океан на Марс, вели дека е скептичен за новиот наод. Истражувачот верува дека кинеските испитувачи не ги земале предвид силните ветрови на Марс коишто можеле да носат седимент и да ги измазнуваат карпите во изминатите неколку милијарди години, и кои сè уште беснеат низ Марс.

– Честопати мислиме дека на Марс, како и на Месечината, нема многу активност, но тоа не е така, додаде Карденас.

Претходните студии покажаа дека дури и бавната ерозија на Марс во долги временски периоди може да ги уништи географските одлики на крајбрежјето на океанот. Бо признава дека ветровите можеле да влијаат и „да ги отстранат“ знаците што би укажувале на прастариот океан, а исто така, вели оти и ударите од метеорити можат да ископаат подземни карпи и да подигнат седимент на површината.

вода Марс Хонгконг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.