Наспроти поддршката за Шекеринска имаме внатрешна политика која е комплетно спротивна на стандардите на НАТО и ЕУ
Бранко Тричковски
Се радувам што можам да поздравам еден гест на Мицкоски: поддршката на назначувањето на Шекеринска за заменичка на генералниот секретар на НАТО. Тоа е втор таков гест во изминативе седум години. Првиот беше по состанокот со Ковачевски на почетокот на епидемијата односно изјавата за спремноста единствени да настапиме во битката со страшниот вирус.
Не верувам дека неговата согласност била пресудна, но секако дека била добредојдена.
Но, фактот дека цел ден го нема на јавноста да и ја соопшти радосната вест за Македонија, покажува дека треба да бидеме внимателни со надежите дека вмро-дпмне макар и полека ќе почне да ги напушта своите ригидни и опасни позиции кои во партијата ги сметаат за одбранбени инструменти во однос на националните интереси, а во стварноста се најсериозна загроза.
Наспроти поддршката за Шекеринска имаме внатрешна политика која е комплетно спротивна на стандардите на НАТО и ЕУ, дури и во безбедносниот сектор, имаме тотално неразумно развлекување на прашањето за уставните промени, институциите се окупираат со партиски шупелки, од сомнителни избори се влечат големи и скапи пари за бесконтролна и бескритериумска потрошувачка, претседателката дава изјави кои Радев експресно ги демантира итн итн.
А, човекот, мислам Мицкоски, има политичка моќ да направи важни исчекори на тој план.
Важни за него, за вмро, но, пред се з Македонија.
Нема никаква смисла да чека нова бугарска влада. Состаноците во декември треба да ги искористи за затворање на темата за рамката и за отпочнување на преговорите.
Се друго ќе ја спушта неговата моќ и моќта на вмро и ќе ја разводенува интегративната сила на Нордот до опасни нивоа.
Од Фејзбук ѕидот на авторот