НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Естетика на протестите: Да се изградат нови етички критериуми во општеството

0
By Marija Todorovska on December 17, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои велат можат „само да пукнат“ и тешко можат да го поднесат лицемерството на тешката корупција на властите.

Љубомир Костовски

Она што се случува во соседна Србија е еден доказ дека промената во појавноста донесува и нови формати кај етичноста. Младите на Балканот немаат веќе каде, некои велат можат „само да пукнат“ и тешко можат да го поднесат лицемерството на тешката корупција на властите

Деновиве прочитав една мисла на позната активистка за граѓанско општество Светлана Слапшак а по повод масовните протести на студентите во Србија (за оние малкумина кои не знаат таму се окупирани
практично сите факултети во четири градови и тоа доста денови во континуитет, а по повод корупциски инвестициски скандал од кого загинаа 15 лица, а две се во кома) – етиката произлегува од естетиката. Стара е тоа фиклозофска дилема, од античко време за конечно обединувањето на појавното и критичкото – по тој редослед – но Слапшак го гледа и во овој последен бунт на студентите, но и средношколците во нејзината земја.

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ Протестите во Србија започнаа на факултетите од општестевните науки

За да не навлеземе подлабоко во териските расправи околу овие два поими (естетика и етика) за што борецот- доајен за човекови права – Слапшак е секако доволно стручна, да споменеме дека погледот на
современата етика како форма на естетска практика или естетика на постоењето постои во модерната мисла. Некои критичари тврдеа дека концептот на естетиката на живеењето, кој се подразбира како
стилизација на секојдневниот живот, се сведува на аморален проект за привилегираните малцинства (повеќе на https://fenomeni.me/estetika-kao etika/).

Го гледав синоќа и еден поранешен ученик од гимназијата во Нови Сад „Јован Јовановиќ Змај“ – Вукашин Индиновиќ, денес студент на ПМФ во истиот град (интервјуто со него го има на https://radar.nova.rs/politika/vukasindinovic-intervju-radar-novi-sad/) кој говори дека целта на бунтот е пред се учесниците да се прочистат одвнатре, да станат подобри луѓе.

Тогаш бунтот не мора – би рекла Слапшак – да биде општествено најуспешен, не мора во доволна мерка да ги охрабри масите да направат некој правиле потег, туку затоа што тоа би остварила генерациска должност, бидејќи, денес ваквиот бунт има посебно значење кога новите генерации немаат каде, поточно, немаат каде да бегаат.

„Ако погледнете преку рамо, вели таа во т.н свет, би се замрзнеле и ќе се претвориле во камен, како самата Медуза само да те погледнала. Колку смешно звучи старата шега за буре барут на Балканот, кога денес сè наоколу е во позапалива состојба! Ако сите мрморења и мрачни типови би се обединиле не би можеле да замислат полоша состојба“. (https://pescanik.net/odusak/).

СВЕТЛАНА СЛАПШАК Доајенка на граѓанскиот отпор – апсења и осудувана, учествувала и во протстите во Белград во 1968 и во Атина 1972 година

Она што денес посебна ја прави таа состојба лоша и пред се неморална е фактот дека ја нема помошта од уметноста, која е затворена во себе, глува и слепа за стварноста. Би навел за да скусам неколку примери каде убавината помогна да се направи сериозен општествен исчекор.

Во 1970 година, Елинор Холмс Нортон застапуваше шеесет жени вработени во Newsweek кои поднесоа барање до Комисијата за еднакви можности за вработување. Причина: магазинот Newsweek има политика
да дозволува само главно мажи да бидат уредници или новинари на кои им се доделуваат посоериозни задачи. Беше необична формата на протестот – новинарките се соблекоа голи до половината, без
брусхалтери. И тие беа убави во тој гест, иако секако не беа налик на манекенки ама насловната страница на магазинот, стилизирана секако, имаше наслов „Жените во бунт“. Замислете го денес тој гест кога
управата пруифаќа еден таков гест а уредниците со него ја илустрираат наскловната страница (https://www.newsweek.com/women-revoltnewsweek-cover-and-lawsuit-collide-514891).

НАСЛОВНА Редакцијата на Њузвик ги стави на насловната страница нивните колешки кои се бунтуваа против редакцискиот естаблишмент

Денес се смета дека тој гест бил најсилен поттик за феминистичките движења во САД иако постоле 50 илјади жени во такви здруженија и движења во тој миг. Оној кој ја креирал насловната направил најнапред естетски исчекор за етиката да достигне некое ново ниво.

Овој пример денес е апсолутно невозможен и од практични причини – „Њусвик“ имал тираж од 4 милиони примероци, а денес само 100 илјади, а потенцијалните читатели се задушуваат во бесмнислените акциони игри на своите мобилни. Новинарството живее од трудот на новинарките, а платите во гранката се на дното.

Вториот пример е филмот „За јагодите и крвта“ кој беше така кај нас преведен (оригиналниот наслов е Strawberry statesman и е дел од изјавата на ректорот на Њујоршкиот uниверзитет кој рекол дека
ставовите на студентите за општеството го интересираат колку и нивниот став за вкусот на јаготките).

Ова е секако најзначајниот филм што беше дел од антивоеното движење во САД во доцните 60-ти и
почетокот на 70-тите, се до повлекувањето на американските маринци од Виетнам. Сценариото имаше предтекст во проза која се бавеше со континуираните протести на споменатиот универзитет во периодот 1966 – 1968 година, снимањето од практични или други причини се пресели во Калифорнија и прикажуваше бритална пресметка со сртудентите кои зазедоа една зграда на својот факултет во еден антивоен протест.

ЗА ЈАГОДИТЕ И КРВТА Овој филм постигна повеќе од сите студентски антивоени протести во виетнамската ера

Филмот беше и културен сублимат на она време – музиката, на пример ја направија Крозби, Стуил, Неш и Јанг, а една нумера е на Ленон (Дајте му шанса за мирот). Филмот го продуцираше познатиот МГМ. Тој
постигна голем успех на фестивалот во Кан; дојде до страшен судир во жирито – половината сакаа да му доделат Златна палма, други сметаат дека е невредa да се спомене и на крајот ја доби Специјалната награда на жирито. САД се повлекоа од Виетнам две години по премиерата на филмот.

Статистиката вели дека само 4 отсто од студентите од тоа време зеле учество во некој антивоен протест. Но филмот направи во светот чувство кое секако говореше дека тоа е ставот на мнозинството
Додека пишува за вистинскиот наслов на овој филм, Светлана Слапшак (Пешчаник, 23.12.2012) зборува и за „незамисливата ароганција на власта – која било влада – која ги игнорира предупредувачките знаци, го
потценува повишениот глас на народот и конечно ја понижува и деградира секоја манифестација со низа патетично препознатливи, глупави формули организирани лаги. Помеѓу изјавите како „нека јадат
колачиња“ и „ставот за јагодите“.

Да кажам дека и ние имавме масовни студдентски демонстрации. Од нив минуваат десет години (започнаа на 24 декември 2014 година), а потоа од нив се појавија другите, претежно младински протести против
режимот кој владееше една деценија. Во Москва овие настани се читаа како продолжените прозападни обоени револуции, за кои најпрво ја обвинија Украина. И денoвиве во Белград протестите на студентите се се споредуваат со оние во Скопје.

Ова многу не нé радува, бидејќи се покажува на крајот дека она што младоста, подобриот дел од неа, ќе го освои во промена на режимот, некои клучни добитници во политиката многу лесно ја губат. Старата
етика на губитничката политика одново се враќа во сигурноста на tрадиционалните вредносни погледи. Но тоа е дебата за во друг повод и бара повеќе време.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Љубомир Костовски протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.