НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Контејнерот на македонската нација го управува ѓубрето!

0
By Zoran Ivanov on December 19, 2024 ИЗБОР
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Досегашната нормалност – животот во масивни, етнички или национални контејнери, заедно со нивните специфични фантазми и незагрозената лиценца на бркање на земјата и сопството, се битно нарушени со глобализацијата.  Кај нас и од стравот на Македонците односно од оправданите претензиите на Албанците. Таквите општества ги слабеат своите врски со местото со тоа што големите популации им ја присвојуваат мобилноста на незабележан начин во историјата.

 Бранко Тричковски

Додека обожуваниот прајминистер на Нордот “ги шокира” европјаните со ставот дека местото на Македонија е во Европа и тоа веќе од утре ако Брисел ги исполни условите на комитлакот во Скопјанг, седнав да се смирам читајки дебели книги и слушајки го Триото на Оскар Питерсон.

И еве што цвеќе излезе од саксијата на моите рамена.

За него и за “ѓубрето” во нашиот контејнер.

На помош го викнав другатот Петер.

Го знаете, често сме заедно: Слотердијк.

Политичките заедници во постмодерната мора да влезат во констелација “од другата страна на националната држава”.

Американскиот културен антрополог Арџун Ападурај го сврте вниманието со својот концепт на етноскејпот (бегство од нацијата).

До таму одат работите.

Имунолошката конструкција на политичко-етничкиот идентитет е ставена во движење и станува јасно дека врската меѓу местото и сопството не е во сите околности така стабилна како што се тоа чинеше во политичките фолклори на територијализмот.

Ако испреплетеноста меѓу местото

и сопството ослаби или исчезне, можат да се јават две екстремни позиции: позиција на сопството без место и на местото без сопство.

Во таква ситуација сите прашања на општествениот и личен идентитет треба да се насочат кон изнаоѓање на решение на тоа како локалното да се вклопи во покренатите велесветови.

Многу граѓани на модерните национални држави кои се наоѓаат дома, повеќе не чувствуваат дека се кај самите себе, а наоѓајки се кај самите себе, повеќе не чувствуваат дека се во својата куќа.

Јас и многу мои пријатели, а се осмелувам да кажам и голем број, да не речам мнозинството Македонци и Албанци се чувствуваме или почнуваме да се чувствуваме токму така.

Од различни причини, но така

Досегашната нормалност – животот во масивни, етнички или национални контејнери, заедно со нивните специфични фантазми и незагрозената лиценца на бркање на земјата и сопството, се битно нарушени со глобализацијата.

Кај нас и од стравот на Македонците односно од оправданите претензиите на Албанците.

Таквите општества ги слабеат своите врски со местото со тоа што големите популации им ја присвојуваат мобилноста на незабележан начин во историјата.

Општествата кои се глобализираат и стануваат се помобилни се приближуваат истовремено до “номадскиот пол” на сопство без место како и до пустинскиот пол, на место без сопство (станици, аеродроми, хотели, улици, туристички места)- односно се приближуваат со се помал среден слој составен од зрели регионални култури и задоволена лојалност кон одредено место.

Кризата на формите на модерните масовни општества за кои сега се расправа главно како за криза на националната држава, потекнува од напреднатата ерозија на етничките контејнер функции.

Кај нас, на пример, ѓубрето го раководи контејнерот.

Она што порано се подразбирало под општество не било ништо друго туку содржина на дебелоѕиден територијален, симболички поткрепен, најчесто еднојазичен, контејнер- то ест колектив кој во извесната национална херметика нашол своја самоизвесност и кој треперел во сопствените, за странците речиси никогаш целосно разбирливи, редундации. Таквите историски друштва кои постоеле на точката на пресекот меѓу местото и сопството, таканаречените народи, обично биле подесени на голема асиметрија меѓу внатрешноста и надворешноста ( ситуација која во претполитичките култури се пројавувала како етноцентризам) а на политичко ниво во супстанцијалната разлика меѓу внатрешната и надворешната политика.

Македонија е типичен пример.

И тоа е нејзиниот најголем проблем.

А токму таа разлика и таа асиметрија денеска се повеќе се бришат со ефектите на глонализацијата.

Имуноситуацијата на националниот контејнер ја доживуваат како проблематична оние кои имале корист од поранешните прилики.

Тоа е јасно меѓу деугото и на примерот со внатрешно закочените евроинтеграции со бесмисленото одбивање на уставните промени ако одбиеме смислата да им ја побараме во свесната деструкција на државата.

Но, нема враќање.

И покрај епските напори на локалните лудаци и носталгичари. Оној што ја запознал предноста на современата слобода на движењето тешко дека посакува враќање на милитантните клаузули на националната државност, а камо ли тоталитарни самохипнози кои често биле карактеристични за трибалните животни форми.

Како Македонија под вмро.

Па сепак на многу наши современици смислата и ризикот на трендот кон светот на таканаречените измешани општества, не се ниту разбирливи ниту добродојдени.

Слабеењето на традиционалниот етничките контејнер- идентитети не може едноставно да се преброди само како губиток на формата и како декаденција, то ест како амбивалентно или цинично потпомагање на саморазорувањето. Она што е за луѓето на постмодерното доба навистина во прашање се успешните дизајни на имуноодноси корисни за животот. Токму тие дизајни на разни начини одново ќе се развијат во општествага со пропустливи ѕидови. Не со изолации. Односно во општествата без вмро.

Макар што на прв поглед не изгледа така, може да се каже дека пресудните трендови не се повеќе под контрола на досегашните компетентни личности и дека денешните проблеми и нивните вчерашни решавачи ( а особено утрешните проблеми и нивните денешни решавачи) не одговараат едни на други.

Тука сме во катастрофална положба.

Немаме компетентни личности, а утрешните проблеми што ќе ги произведат решавачите од денешниот комитски џган, не можам да ги замислам макар што мојата имагинација е феноменална.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.