Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојазливиот поглед на Бугарија кон комунистичката диктатура

0
By Zoran Ivanov on December 21, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2024 22:23

Бугарското општество сè уште молчи за многу чувствителни прашања, се жали директорката на „Софиска платформа“. Затоа, таа се надева на дополнителни стимулации од науката и културата за соочување со комунистичкото минато.

Марсел Фирстенау

Веројатно ниту една друга поранешна комунистичка земја нема толку тешкотии да се соочи со своето минато како Бугарија. Надежите почиваат на граѓанското општество.

Михаил Маринов, директор на фондацијата „Остров Белене“, има еден сон. Неговиот сон нема никаква врска со зачувувањето на природата, иако овој идиличен остров на бугарско-романската граница на Дунав е голем мочуришен биотоп. Тука живеат речиси 500 видови птици, вклучително и морски орли и пеликани, по кои областа е позната.

Таа е на лош глас од друга причина: од 1949 до 1989 година, тука беа интернирани околу 15.000 луѓе кои во очите на комунистите беа непријатели на режимот.

Многу од нив починале како последица на принудна работа и неухранетост. Маринов и неговата граѓанска организација се загрижени за овие луѓе: „Посакуваме ова место да стане дел од европската мрежа на меморијални места и тука да не доаѓаат само луѓе од Бугарија.“

Но, и по 35 години од крајот на комунистичката диктатура, патот до таа цел е сè уште многу долг – и тежок. За да ги видите урнатините на логорот Белене, прво мора да го поминете Дунав на понтонски мост. Следува возење од десет километри по пат со една лента полн со дупки.

Маринов и неговиот тим редовно одат на ова патување – и тоа со многу страст. Ги радува секое пристигнување од земјата и странство за да можат да го покажат своето видување на споменикот Белене. Тоа е можно само со пасошка контрола, бидејќи на островот сѐ уште постои нормален затвор кој постоел уште во времето на концентрациониот логор.

„Сакаме да ја вратиме целата инфраструктура на кампот во состојбата во која беше во 1950-тите“, објаснува Маринов. Тука спаѓаат и некогашните дрвени бараки за затвореници, од кои нема фотографии. За среќа, реконструкцијата може да се заснова на тајно направени цртежи на поранешен затвореник.

Но, веројатно ќе поминат многу години додека идеите на фондацијата „Остров Белене“ да станат реалност. Маринов нема илузии за тоа. Така на работите гледа и Луиза Славкова од „Софиска платформа“, која е загрижена и за напредокот во справувањето со минатото. „На државно ниво не се случува речиси ништо“, вели таа за ДВ.

Бугарија не поддржува истражување за времето на комунизмот

Иако комунизмот по преминот во новиот век беше официјално осуден како злосторнички режим, немаше поддршка за жртвите. „Сè уште нема државно истражување на темата комунизам и неговите последици во Бугарија“, вели Славкова. Таа вели дека за жал нема поддршка за изградба на музеј посветен на историјата на диктатурата.

„Ова води кон тоа да нема сеќавање на жртвите во јавниот дискурс“, вели таа. За да се промени ова, „Софиска платформа“ е првенствено посветена на образовниот сектор. Тука исто така има многу што да се надополни, зашто неодамнешното минато на Бугарија не беше тема на

училишните часови до 2018 година.

Во семејствата малку се зборува за диктатурата

Во приватното опкружување исто така долго време доминираше молк. Еден од клучните наоди во студијата на „Софиска платформа“ од 2014 година вели: родителите речиси и не разговарале со своите деца за диктатурата.

Според студијата, работите се поинакви кога станува збор за интеракциите со бабите и дедовците, но на проблематичен начин: „Ова е генерација која е меѓу типичните гласачи на поранешната комунистичка партија“, вели Славкова. Резултат: „Тие пренесуваат носталгични приказни за старите добри времиња без размислување“.

„Младите сега знаат повеќе“

Сепак, политикологот Славкова изразува доверба во иднината бидејќи комунизмот веќе не е табу тема во училиштата. Умерени успеси се веќе евидентни, како што сугерира актуелната студија на „Софиска платформа“: „Младите сега знаат повеќе“, заклучува Славкова од резултатите од истражувањето. За тоа се грижи и нејзината граѓанска организација преку обезбедување на нови модерни формати на наставата по историја.

Пример е современиот проект започнат во 2021 година. Станува збор за сведоштва на преживеани од концентрациониот логор Белене. Во неколкучасовните интервјуа, тие зборуваа за нивниот секојдневен живот во логорот: принудна работа, глад, тортура, очај, надеж. Снимките се достапни онлајн на „belene.camp” – преведени и на англиски и германски за меѓународна публика.

Виртуелни разговори со поранешни затвореници од Белене

Она што е посебно: на поранешните затвореници може виртуелно да им се поставуваат прашања. Програма базирана на вештачка интелигенција (ВИ) потоа избира видео секвенци со соодветни одговори. На овој начин можете да дознаете нешто за, на пример, лошиот квалитет на храната, премалите порции или примитивните бараки во кои затворениците биле набиени на многу мал простор.

Интересот за овој формат на усна историја, во кој сведоци зборуваат за своите животи, е голем. За една година имало над 100.000 прегледи, вели Славкова, која е задоволна од одзивот кога станува збор за овој интерактивен формат. „Ова е особено возбудливо за младите бидејќи се вклопува во нивната дигитална комуникација.

Надминување на молкот со литература

Севкупно, бугарското општество сè уште молчи за многу чувствителни прашања, се жали директорката на „Софиска платформа“. Затоа, таа се надева на дополнителни стимулации од науката и културата за соочување со комунистичкото минато. Притоа Славкова мисли на луѓе како георги Господинов. Писателот во 2023 година ја доби британската награда Букер за романот „Бегство од времето“.

„Лична приказна не може да се одвои од поголемата приказна“, вели овој писател од Софија. Во однос на состојбата во неговата татковина, тоа пред сѐ значи дека во Бугарија немало големи движења на отпорот за време на комунистичката диктатура. Во овој контекст, Господинов потсетува на востанија во други земји: ГДР (1953), Унгарија (1956), Чехословачка (1968) и Полска (1980).

Текстот е сопственост на Дојче веле.мк

 

 

бугарија минато комунистичко
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.